Нумерологија: Откријте каков ден ве чека!

Според нумерологијата броевите силно влијаат на нашите животи, но во комбинација со точниот датум обезбедуваат поконкретни насоки за животот. Прво, утврдете го личниот број со помош на датата од последниот роденден, а потоа погледнете го толкувањето на броевите.

Како да утврдите кој е вашиот број?

Едноставно соберете ги сите броеви од последниот датум на вашиот роденден. На пример, ако сте родени на 16.04, а последниот роденден ви бил во 2014 година, ги собирате броевите кои ги гледате : 1 + 6 + 4 + 2 + 0 + 1 + 4 = 18. Бидејќи од суштинско значење бројот да е едноцифрен, понатаму ги собирате цифрите од бројот кој сте го добиле, се додека не добиете едноцифрен број. Во овој случај резултатот е 18, па ако ги соберете 1 и 8, ќе го добиете бројот 9. Значи, вашиот број е 9.

На тој број сега треба да го додадете датумот кој ве интересира. Ако сакате да знаете што ве чека 26.01., а потоа соберете ги 2 + 6 + 1 = 9. Потоа го собирате личниот број и бројот на денови : 9 + 9 и ќе добиете 18. И тука е потребен едноцифрен број, па така треба да ги соберете овие две бројки :1 + 8 = 9. И тогаш погледнете го подолу толкувањето за бројот девет

За секоја нова дата ја повторувате постапката при определување на бројот на денови, а личниот број ќе го запомните. Кога ќе го одредите бројот, погледнете го толкувањето.

БРОЈ 1

Ова е совршен ден да се изборите за она што го сакате. Еден претставува нови почетоци.

БРОЈ 2

Ако збирот на личниот број и датумот биде два, тој ден ќе бидете многу поотворени за споделување на чувства.

БРОЈ 3

Најпродуктивни ќе бидете денот кој го означува бројот три.

БРОЈ 4

Искористете го овој ден да ја доведете ред во куќата или станот. Сите обврски од кои обично се плашите, одеднаш ќе изгледаат лесни. Денот е одбележан со грижа за просторот во кој живеете или за сопственото тело.

БРОЈ 5

Ако се воздржувате од мислења, денот со бројот 5 е идеален за изразување и прекин на тишината.

БРОЈ 6

Бројот шест е бројот на убавината, естетиката и сензуалноста и ќе зрачите со посебна сексуалност. Не се работи само за добар изглед, тој ден ќе бидете свесни за своите моќи.

БРОЈ 7

Во нумерологија, бројот седум е број кој ги поврзува небото и земјата. Затоа овој ден ќе ви го даде потребното трпение со цел да напредувате во своите амбиции.

БРОЈ 8

Без оглед на тоа дали работите толку да немате време за семејството или сте толку фокусирани на личниот живот што кариерата ви е во застој, ова е совршено време за повторно воспоставување на рамнотежата.

БРОЈ 9

Ова е ден за трансформација во кој ќе преиспитате се што сте што сте поминале низ последните осум дена. Сè се врти околу прифаќањето на сопствените искуства, фактот дека сте дале се од себе.