Правилното чување и подготвување на храната го спречуваат труењето

Некои видови на храна кои се купуваат во супермаркетите содржат инструкции за тоа како да се подготвуваат и да се чуваат. Сепак, и покрај тоа, често доаѓа до труење со храна.

„Рибата, месото и месните производи задолжително треба да се чуваат во фрижидер на температура од четири степени. Ако свежото месо и свежата риба планирате да ги подготвите оној ден кога сте ги купиле или следниот ден, нема потреба за замрзнување. Но, ако сакате свежото месо да го подготвите за неколку дена, не заборавајте да го замрзнете“ вели Љубиша Кнежевиќ, претседател на Друштвото на диетичари-нутриционисти од Србија.

Покрај тоа, замрзнатото месо не треба да се подготвува, се додека во целост не се одмрзне.

„Месото треба да се одмрзне пред да се подготви за да се види со каков квалитет, каква боја, и каков е мирисот. Ако не сте сигурни за исправноста на месото, не ризикувајте. Некои бактерии не можат да бидат уништени ниту со замрзнување, така само може да се спречи нивното ширење и размножување, бидејќи во замрзнато месо не можат да бидат активни. Но, сите овие бактерии се неутрализираат со термичка обработка, односно, загревање, пржење, печење, готвење“ објаснува тој.

Овошјето и зеленчукот не спаѓаат во храните кои се опасни, бидејќи трагите на труење веднаш се забележуваат на нив, но бидете претпазливи.

„Најважно е овошјето и зеленчукот добро да се измијат. Што се однесува на складирање, овошјето и зеленчукот можете да ги чувате на собна температура, нема потреба да ги чувате во фрижидер“ вели еден нутриционист.

И сосовите за тестенини може да биде толку опасни, што можат да предизвикаат труење со храна.

„Ако купувате готови сосови, добро прочитајте и следете го упатството на производот. Инаку, кај секој производ кој ќе го купите строго придржувајте се до рокот на употреба и советите за чување. Сосови , како и млечни производи, производи од месо и јајца, треба да се чуваат во фрижидер на температура од пет до осум степени Целзиусови“ тој советува.

СВИНСКО МЕСО

Свинското месо мора темелно да се испржи. Експертите се најмногу загрижени за хепатит Е, која е честа појава кај свињите. Се уште не е јасно дали е тоа опасно за луѓето. Иако и луѓето можат да имаат хепатит Е, но тоа не е секогаш истиот тип како кај свињите. Најдобрата превенција е да го подготвите месото така да нема розови точки на него.

ПИЛЕШКО МЕСО

Кога ќе го извадите пилешкото месо од замрзнувачот, топење целосно одмрзнете го пред да го зготвите и варете се додека и последната розова трага не исчезне од месото.

ОВОШЈЕ И ЗЕЛЕНЧУК

Сите храни кои растат од земјата можат да дојдат во контакт со штетни бактерии, како што е ешерихија коли 0157, која може да предизвика сериозни проблеми. Оваа бактерија, која ја исфрла добитокот, стапува во контакт со земјата и може да се најде во овошје и зеленчук.

ТРИКОВИ ЗА ХРАНАТА ДА ТРАЕ ПОДОЛГО

  • Замотајте ја рачката од банана со фолија за да трае три до пет дена подолго.
  • Чувајте ги јаболката блиску до компири, за да се спречи ‘ртење.
  • Печурките чувајте ги во хартиена кеса, а не во пластична.
  • Чувајте го млекото во средина на ладилникот, а не во вратите каде што температурата е пониска.
  • Чувајте ги јајцата на средната полица во фрижидерот за да трае три, четири недели подолго од рокот на траење.
  • Чувајте ја постарата храна пред свежата храна во фрижидерот, за да знаете што треба да се изеде порано.