Подобрете го видот и „фрлете“ ги очилата

Постојат многу хранливи материи и витамини го помагаат функционирањето на видот. Важно е континуирано и секојдневно да се внесуваат со исхраната за да не настане нивен дефицит во организмот и за да се одржи правилното функционирање на видот. Еве некои од нив.

Цинк, селен и омега 3

Селенот и цинкот имаат заштитна улога на жолтата дамка во окото, ја штитат и чуваат од дегенерација, додека омега 3 масните киселини играат важна улога во одржувањето на влажноста, односно солзната обвивка на окото.

Намирници богати со овие елементи селосос, шкампи, и други морски плодови, црвено месо…

Лутеин

Лутеинот е жолт пигмент кој спаѓа во групата на кератеноиди. Во окото го има во голема количина особено во мрежницата и жолтата дамка. Лутеинот има силно дејство во спречување на сенилната дегенерација на жолтата дамка на окото.

Лутеинот може да се најде во сите зелено-листести растенија, спанаќ, марула, брокула и сл.

Витамин А и бета каротен

Бета каротенот го има во овошјата кои имаат црвено-портокалова боја. Така морковот е извонреден извор на бета-каротин што укажува неговата интензивна портокалова боја. Бета-каротинот е провитамин на Витаминот А, и особено е важен за одржување на стабилен ноќен вид.

Намирници богати со овие елементи се
морков, компир и спанаќ. Исто така елементи кои содржат провитамини на витаминот А, се и јајцата, млекото, путерот и сл. Препорачана дневна доза на витамин А е 700 – 1000 милиграми. Со правилна исхрана внесуваме и повеќе од препорачаната дневна доза.

Витамин Д

Витаминот Д како што ни е познато се внесува преку исхраната, а неговите провитамини се активираат под дејство на УВ зрачењето од сонцето. Исто како и другите витамини и минерали, Витаминот Д има улога во штитење на жолтата дамка во окото и одржување на виталноста на видот.

Намирници богати со провитамини на витаминот Д се наоѓаат во млекото, месото, јајцата, лососот, сардината, црниот дроб и сл.

Освен овие витамини и минерали, Витаминот Ц и Витаминот Е имаат значајна улога во одржување на виталноста на видот. Како и секоја друга статија и оваа е само потсетување дека млечните производи, овошјето и зеленчукот се клучот за здравата исхрана.