Би можеле сосема да се разбудите за утринската вежба! Ќе морате тоа набрзина да го направите.
Сте се обиделе да станете еден од оние кои вежбаат наутро (мора да ги сакате!), но кога ќе заѕвони алармот, вашето тело не сака да стане. И додека вашиот ум запомни дека вие не би сте имале ништо против да трчате маратон или да направите стомачни склекови, се сеќавате дека многу пати сте биле во вежбална и сте се испотиле, така што во вашиот распоред веќе е закажана вежба еден ден однапред.
Џордан Мецл, доктор по спортска медицина од болницата за специјална хирургија во Њу Јорк објаснува зошто е тешко утринското будење за вежби. „Тешко се стекнува таква навика“, вели тој. „Јас цврсто верувам во утрински вежби, бидејќи ќе ви го активира метаболизмот и така ќе можете да вежбате“, вели Мецл (кој истрчал 31 маратон и учествувал на 11 триатлони „Ијронмен“).
Тогаш кое е решението? „Со стратегија на трикови може да се создаде навика за правење утрински вежби“, вели тој. Во основа, бидете паметни и преправајте се додека не ја направите. Еве како да го направите тоа :
Облечете се за успех – уште претходната ноќ
Зошто наутро да губите време на облекување кога нема потреба од тоа? „Ако јас треба да станувам наутро за да вежбам, сакам да бидам сигурен дека времето ќе го потрошам на вежбање.“, вели Џен Атор, директор на списанието за фитнес „Здравје на жените“. Така, таа ја носи облеката со неа во кревет, заштедува 20 минути од вежбањето. Дали екстра времето ќе го потрошите на повеќе вежбање, во секој случај че ви се исплати и ќе ви даде една причина помалку да се откажете.
Обновете го вашиот систем
Сите ние знаеме дека навиката за вежбање не одржува физички спремни. Директорка на ФЛЕКС Пилатес од студиото „ФЛЕКС“ во Њу Јорк, Џен Серакуза сосема се сложува со ова, но предлага да отидете еден чекор понапред : „Прашајте го вашиот тренер, инструктор или некој кој ве надгледува“, вели Серакуза, која сака на своите клиенти да им праќа пораки како : „Се гледаме во 6 часот наутро“!. Користете го овој трик и ќе ве поддржи целата интернет мрежа. А вие знаете дека не смеете да го изневерите интернетот.
[rpi]
Земете мента
Брет Хебел, основач на „Хебел фитнес“ и тренер во емисијата „Најголемиот губитник“ на телевизијата НБЦ од 11-та сезона, предлага да земете мента веднаш штом ќе се огласи алармот. Шеќерот во ментата ќе го возбуди мозокот, а ментата ќе ја почувствувате на нервните завршетоци во јазикот. Со тоа целосно ќе го залажете вашето тело мислејќи дека ќе добие храна“, вели Хебел. Заклучок : Ќе се ослободите од утринскиот здив и ќе го разбудите вашиот мозок и тело за потење.
Кажете му на алармот дека ви треба повеќе време
Не е до вашиот аларм, туку до вас. И растојанието го разнежнува вашето срце, нели? „Засилете го звукот за алармот да се слуша насекаде низ собата“, вели Мецл. На тој начин ќе ве натера да станете и да го исклучите. „Ова не нова идеја, но навистина помага“, вели тој. Кога станува збор за овој трик, Атор е експертот. „Околу успешното станување наутро за вежбање се работи само за поместување на што е можно повеќе предмети“, вели таа. Така, навечер таа го мести алармот, а потоа ги остава нејзините патики за трчање близу до вратата со нејзиниот телефон до врвките. „Дури и кога сум уморна и нозете ми се „влечат“, тоа секогаш ме предизвикува да излезам надвор“, вели Атор. Еве уште еден генијален чекор : „Доколку го наместите алармот да звони со непријатен звук, делува исто така, многу добро,“ вели Хебер. „Моите пријатели секогаш коментираат дека го имам најодвратниот аларм, но тоа едноставно делува.“
Зборете си сами на себе за да го подигнете вашиот морал
Серакуза всушност препорачува да го прекинете вашиот аларм, но наместо да се вратите да спиете, лежете со затворени очи, а вашиот мозок да е ментално подготвен. Мелори Вегеман, освојувачка на златен медал на параолимписките игри и светски рекордер во пливање, го употребува истиот трик : „Си зборам со себеси 5-10 минути,“ вели таа, „како на пример ’Во ред, можеш да го направиш тоа’ или ’Стани веќе од креветот’.“ Тоа зависи од расположението! Всушност, вие мора себеси да се убедитедека сте 100% спремни за утринско вежбање, иако сте во кревет и лежите.