Пешачење за подобро физичко и ментално здравје

Уште од дамнешни времиња човекот својот живот го поминувал на нозе, одмарајќи се само за време на спиењето. Како што интелигенцијата на човекот се развива, тој се повеќе разбира дека немора да работи по цел ден за да преживее. Па поради ова мобилноста на луѓето се повеќе се намалува со текот на времето.

Пешачењето е најдобриот и најбезбедниот рецепт за добро ментално и физичко здравје кај човекот. Предноста на движењето е тоа што целото тело функционира подобро и правилно, а за време на движењето целото тело многу подобро ги извршува физиолошките процеси, и исто така движењето овозможува физичката сила брзо да се врати кога телото има добра кондиција.

Секојдневната прошетка го штити срцето и го намалува ризикот од појава на скоро сите болести, значително јакнејќи ги коските и подобрувајќи ја циркулацијата.

СВРТИ ГО ТРКАЛОТО НА СРЕЌА И ОСВОЈ ПОПУСТ ДО 40% ПОПУСТ ВО АЛФАЛАБ, СЕ ШТО ТРЕБА ДА НАПРАВИТЕ Е ДА ПОЧЕКАТЕ 30 СЕКУНДИ ЗА ДА ВИ СЕ ПОЈАВИ ТРКАЛОТО ЗА ПОПУСТ.

ЗА ДА ЗАПОЧНЕТЕ КЛИКНЕТЕ ОВДЕ

Кај луѓето со поголема телесна тежина пешачењето особено се препорачува бидејќи ги согорува маснотиите, ги ублажува токсините и го смалува нивото на холестерол во крвта.

Освен што пешачењето игра важна улога во физичкото здравје, тоа исто така игра и голема улога во менталното здравје кај човекот, го ублажува стресот, ја намалува депресијата и му помага на мозокот да се релаксира.

Лекарите препорачуваат одењето во текот на денот да не е помало од еден час. Исто така нагласуваат дека секојдневното пешачење треба да го практикуваат сите луѓе без разлика на која старосна група им припаѓаат, и дека периодот за шетање е особено добар во ноќните часови пред спиење бидејќи го опушта телото и ни овозможува мирен сон.