Прекрасните цреши ги има насекаде околу нас. Не пропуштајте да уживате во нив на сите можни начини на пример со овој вкусен десерт кој е многу лесен за подготовка.
СОСТОЈКИ:
- 1 л слатка павлака
- 8 лажички шеќер
- 2 ванилин шеќер
- 3 кесички желатин
- 300g цреши
- 150 g шеќер
- 9 лажици вода
- малку сок од лимон
ПОДГОТОВКА:
- 1. Потопете две кеси на желатин во половина чаша вода за да набабри. Слатката павлака ставете ја да се готви на средна температура. Додадете шеќер и ванилин шеќер. Кога речиси ќе зоврие, отстранете ја од топлината на страна. На павлаката додадете и го желатинот, добро промешајте додекада се растопи да не се создадат грутки.
- 2. Павлаката со желатин истурете ја во калап кој претходно сте го измиле со ладна вода. Оставете го да одстои во фрижидер додека целосно не се здрви. Растворете шеќер во вода и ставете го на силен оган.
- 3. Потопете ја кесичката со желатин. Кога шеќерот ќе се стопи, додадете ги исчистените цреши и гответе околу пет минути. Тргнете ги од шпоретот и исецкајте ги црешите до саканата големина. Кога малку ќе се олади промешајте го желатинот и сипете го во мали калапи во кои веќе има Пана кота. Пред сервирање гарнирајте со цреша свалкана во шеќер.