Несоницата е проблем со многу нијанси, некој мака мачи да заспие, друг се буди сред ноќ и зјапа во таван до сабајле, а има и такви кои се соочуваат со двете сценарија. Кому му е најлошо? На сите подеднакво, бидејќи скратените часови за спиење (без разлика дали настапиле на почеток или сред ноќ) резултираат исто: со недостиг на енергија, концентрација, волја.
„Под стрес си, преморена си!“ – ќе заклучат вашите блиски иако вие посреќни во живот не сте биле. Тогаш што би можело да биде проблемот? Едноставно е, ви недостасува магнезиум!
Недостигот на магнезиум често пати се протнува како дијагноза, од причина што мелатонинот е главната ѕвезда кога станува збор за проблеми поврзани со спиење. Но, овој минерал игра главна улога во безброј телесни функции како: метаболизам, регулација на шеќер во крвта, здравје на коските, нервите и мускулите и многу други. Затоа, не е изненадувачки што од него зависи и сонот.
Како магнезиумот ќе ви помогне да заспиете?
Магнезиумот игра клучна улога во сите оние чекори на конвертирање на протеините во супстанци кои прават да се чувствувате сонливо. Магнезиумот го смирува целиот нервен систем, а во таква состојба тој е далеку поефикасен. Добро е позната улогата на магнезиумот за релаксација на мускулите и нервите, не залудно им се препишува на луѓето кои се соочуваат со синдром на нермина нога. Магнезиумот исто така му помага на телото да ги задржи нивоата на гама-аминобутирна киселина, невротрансмитер кој буквално го гаси човековото тело и мозок и го праќа на спиење.
Заклучок: Магнезиумот е паметен минерал кој го гаси телото и мозокот штом забележи дека им недостасува сон.
Кои се другите придобивки од минералот?
Магнезиумот е оној што го крева нивото на допамин, хормонот кој ќе ве расположи. Кому му е битно добро расположение пред спиење? На сите, бидејќи само така ќе успеете да ги исфрлите проблемите од кревет. Вам мигрената ви го краде сонот? Магнезиумот може да ја смири, тврдат од Американската Асоцијација за Мигрена. Во целост, магнезиумот делува смирувачки како топол чај од камилица. Тој ги опушта мускулите така што ја зголемува функцијата на главниот инхибиторен невротрансмитер – гама-аминобутирна киселина. Од истите причини, магнезиумот има потенцијал да влијае на анксиозноста и на ПМС симптомите.
Ниското ниво на гама-аминобутирна киселина се поврзува со депресијата, па земањето магнезиум е проверен начин да се поттикне нејзината продукција. Студијата во која учествувале 126 луѓе со симптоми на депресија покажала дека магнезиумот во облик на суплемент е ефективен во лекувањето на лесна до умерена депресија. 61 % од учесниците во студијата изјавиле дека со сигурност ќе се потпрат на магнезиумот и во иднина.
Заклучок: Магнезиумот ги локализира и смирува сите физички и психички болки кои ви го крадат сонот.
Кога магнезиумот 100 % ќе обезбеди сон?
Според горе наведеното и сам по себе е доволен да заврши работа! Внимавајте, минералот не е апче за спиење што се пие непосредно пред легнување, земете го најмалку еден час порано за успешно да го релаксира телото и мозокот и да ве спреми за спиење. Но, за да го забрзате целиот процес, вклучете уште еден признат релаксатор – витамин Б6. Заедно спаковани ќе ги најдете во Dr. Viton Magnezan B6 во облик на прав со исклучително свеж вкус.
Витаминот Б6 се заснова на вода и затоа лесно и брзо се апсорбира, а патем ја олеснува и апсорпцијата на магнезиумот за 40 %. Бидејќи го смирува нервниот систем и ги отстранува болните грчеви и тензијата во коските и мускулите, истото што го прави и магнезиумот, ефектот во пар е двојно поголем.
Заклучок: Магнезиумот и Б6 во пар имаат двојна релаксирачка моќ врз нервите, мускулите и мозокот.
Одбери Dr. Viton – Магнезан Б6!
Dr. Viton – Магнезан Б6 можете да го нарачате онлајн:
https://alfalab.mk/proizvodi/magnezan-b6
Dr. Viton – Магнезан Б6 може да го набавите во аптеките на: Еурофарм, Виола, Плус Фарма, Галениум, Бети, Зегин… во дрогериите на ДМ-дрогерии и Cosmo – Tinex и сите подобро снабдени аптеки.
Или на телефонскиот број: 02 3218 821
Секој работен ден од 8:30 до 16:30 часот
(Достава до домашна адреса со брза пошта)