Цинкот им е потребен и на жените за подобрување на плодноста

Се обидувате да забремените? Тогаш, поддржете го телото во неговата величенствена функција да создаде нов живот така што ќе го преплавите со витамини и минерали.

За успешна и здрава бременост не е доволна само фолната киселина. Најверојатно цинкот не е на вашиот радар, а и тоа како треба да биде. Одамна е потврдено дека цинкот е клучен за создавање на спермата, и не само тоа, минералот го подобрува и самиот квалитет на сперматозоидите. Но, улогата на цинкот во однос на женското репродуктивно здравје е фрлена во сенка.

Студиите, иако изведени на животни, покажуваат дека цинкот и тоа како ја подобрува плодноста кај жените. Државниот универзитет во Пенсилванија официјално заклучи дека недостигот на цинк има негативен ефект врз развојот на јајце клетките. Ниското ниво на минералот во крвта е причина што на некои двојки им треба повеќе време да зачнат.

Почетните лабораторски истражувања покажале дека цинкот е клучен регулатор на ооцитот – јајце клетка во развој. Цинкот се акумулира за време на растот на ооцитите и се чува во липопротеините за развој на ембрионот. Игра улога во поделба на ооцитите, оплодувањето, регулирање на ДНК и развојот на ембриони.

Нарушувањето на овулацијата е водечка причина за женска неплодност, а недостигот на цинк може да има негативен ефект во почетните фази од развој на јајце клетките, намалувајќи ја нивната можност да се поделат и оплодат.

Еве точно како недостигот на цинк ја намалува плодноста:

  • Го нарушува растот на клетките
  • Доведува до помали јајце клетки во раната фаза од развојот
  • Ја нарушува способноста на јајце клетките да се поделат (мејоза) – клучен чекор од кој зависи оплодувањето

Исто така, било заклучено дека потребата за цинк кај бремените жени стартува многу порано. Всушност, жените уште пред да забременат треба да пијат цинк, а истото важи и за мажите. Комбинацијата од здрава исхрана и цинк суплемент е најсигурна за да обезбедите стабилно ниво на минералот.

Експертите сугерираат дека жените кои се обидуваат да станат мајки треба да пијат и поголеми дози цинк, но штом забремените држете се до дозата што ќе ви ја препише гинекологот, бидејќи вишокот цинк ја загрозува апсорпцијата и метаболизмот на бакарот.

Dr. Viton Zinc Direct – Vitamin C + D3 е совршен стартер за секоја трудница. Цинкот поддржан од витамин Ц и Д3 ќе обезбедат силна заштита од слободните радикали и можните воспалителни процеси. Ваквата заштита е особено клучна во периодот на забременување, но и подоцна, бидејќи телото се соочува со голема промена и станува чувствително под влијание на хормоните.

Витаминот Д3 е значаен за правилен раст и развој на организмот уште во зачетокот, но неопходен е и за здравјето на една бремена жена и мајка.

Најдоброто кај Dr. Viton Zinc Direct – Vitamin C + D3 е тоа што концентрацијата на цинкот и на внимателно избраните витамини ги задоволуваат дневните потреби на човекот.

Пијте Dr. Viton Zinc Direct – Vitamin C + D3 и уживајте во секое ново поглавје.

Dr.Viton Zinc Direct  Vitamin C + Vitamin D3 можете да го нарачате онлајн

https://alfalab.mk/proizvodi/dr-viton-cink-c-d/

Dr.Viton Zinc Direct  Vitamin C + Vitamin D3 може да го набавите во аптеките на: Еурофарм, Виола, Плус Фарма, Галениум, Бети, Зегин… во дрогериите на ДМ-дрогерии и Cosmo – Tinex и сите подобро снабдени аптеки.

Или на телефонскиот број: 02 3218 821
Секој работен ден од 8:30 до 16:30 часот
(Достава до домашна адреса со брза пошта)