Розовата глина е маска што ќе ви донесе многу лајкови на Instagram, но ако ја прашате кожата, и таа со задоволство ќе го притисне палчето кренато нагоре. Нека не ве залажува нежната текстура и шеќерно розовата боја, оваа глина е моќен и темелен чистач.
Во однос на другите типови глина предничи по тоа што одговара на секој тип на кожа, вклучувајќи ја чувствителната и сувата. Пребогата е со минерали со кои ја храни кожата задржувајќи ја секоја капка вода во клетките.
Како делува на различните типови кожа?
Кај сувата и чувствителна – спречува какво било воспаление, а поттикнува обнова на клетките. На тој принцип видливите испукани делови по кожата ги заменува со мазни и сјајни површини. После нанесувањето, кожата не ја чувствувате затегнато, бидејќи маската не само што не ги отстранува природните масла туку и дава нова еластична удобност на кожата.
Кај дехидрираната кожа – го враќа сјајот и ги пополнува новонастанатите фини линии, особено во зимскиот период кога спречува сувиот студ и ветерот да ја испарат водата од површината на кожата. Розовата маска го штити надворешниот слој на кожата од надворешните агресори како времето и загадувањето.
Кај масната кожа – ги одзатнува порите од нечистотии и вишок себум. На долг рок успева да ги минимизира порите, бидејќи постојано ги одржува чисти. На истиот принцип спречува појава на митесери.
Зошто е важна кога воздухот е загаден?
Загадениот воздух е на највисоко можно ниво од 2010-тата па наваму, затоа повеќе од неопходно е да користите маска за лице барем еднаш неделно. Само маската може да ја одржи кожата здрава, бидејќи длабински ја чисти. Зошто розова глина пред другите? Бидејќи таа прави комплетна детоксикација на кожата, без да ја загрози хидратацијата.
Митесери, зголемени пори, акни, наталожена шминка која е рамнодушна на тоникот за чистење, сите сме се соочиле со овие состојби. Затоа, неопходна е маска со брзо делување што ќе овозможи интензивно, длабинско чистење и при тоа ќе ја заклучи влагата.
Розовата маска е нежен, но моќен чистач што не ја загрозува природната заштитна бариера на кожата ниту нејзината PH вредност, а го контролира лачењето на себумот.
По што предничи австралиската розова глина?
Австралиската розова глина може да се пофали со извонреден природен сет од минерали како:
Селенот е одличен антиоксидант кој ги неутрализира слободните радикали што ја напаѓаат природната кожна бариера.
Цинкот буквално ја лекува кожата и ги редуцира видливите штети, затоа розовата глина е пожелна и за повозрасните дами.
Магнезиумот помага кожата да ги задржи своите природни масни киселини, а кои се неопходни за лицето да изгледа младо и пополнето.
Силикатните минерали делуаваат антивоспалително и ја заклучуваат влагата, од овие причини глината е пожелна за луѓето со сува кожа, но и за оние склони на егзема.
Dr. Viton – Australian Pink Clay Mask сама по себе е моќна да и го испорача на кожата сето она што го наведовме погоре, но во нејзината формула се вклучени и други состојки кои ја прават чудотворна.
Цвет од хибискус, вештерска леска, лист од рузмарин, алги алое вера, стероли од калинка, зелен чај, кокосово масло и витамин А и Е – овој богат сојуз обезбедува длабинско чистење на кожата, истовремено служи како храна и како штит од надворешните агресори.
Моќниот и нежен состав на Dr. Viton – Australian Pink Clay Mask ја прават погодна и за оние кои мака мачат со иритации и црвенило поттикнато од розацеа и купероза.
Dr.Viton– Australian pink clay mask можеш да ја купиш во аптеките на Еурофарм, Зегин, Виола, Плус Фарма, Галениум, Бети во DM-дрогерии и Cosmo – Tinex и сите подобро снабдени аптеки.
Dr.Viton- Australian pink clay mask можеш да ја нарачаш онлајн на
https://alfalab.mk/proizvodi/australian-pink-clay-mask/
Или на телефонскиот број: 02 3218 821 (Секој работен ден од 8:30 до 16:30 часот )