Остеопороза – Зошто треба да бидеме загрижени за нашите коски?

Бројките раскажуваат предупредувачка приказна за коскеното здравје, особено за влијанието на остеопорозата, кога губењето на коскеното ткиво е поголемо од неговото обновување.

  • Во светски рамки, остеопорозата предизвикува повеќе од 8,9 милион скршеници годишно, што всушност значи дека на секои 3 секунди некој човек крши коска како последица на остеопорозата.
  • Од 1997 година па наваму, остеопорозата зафатила 75 милиони луѓе ширум Америка, Европа и Јапонија.
  • На светско ниво, остеопорозата погодува 200 милиони жени, според еден извештај во 2007 година. Со остеопорозата, коските се многу по кршливи, што води до постојан намален квалитет на живеењето или нешто полошо од тоа. Од особена важност се скршениците на ‘рбетот и колкот, според Интернационалната Фондација за Остеопороза. ‘Рбетните скршеници можат да резултираат со сериозни последици како намалување на височината, интензивна болка на грбот и деформитети на ‘рбетот.

Скршениците на колкот скоро секогаш завршуваат со оперативен зафат што води до посериозни проблеми. 

Кога пациентот ја напушта болницата, штаки, инвалидска количка или други помагала може да му ја ограничат независноста.

Често се користени многу фармацевтски лекови со многу лоши споредни ефекти, Најчесто препишуваните лекови за остеопороза се бисфосфанатите кои кај некои пациенти дури го зголемуваат процесот на губење на коскено ткиво во вилицата како и допринесуваат за лошо здравје на желудникот и болки во коските.

Како коските доаѓаат до овој стадиум?

Целиот скелет е целосно заменет секои седум до десет години, преку активен процес на ремоделирање на коските. Овој процес ги вклучува остеобластите
(клетки кои го градат коскеното ткиво) и остеокластите (клетки кои го разградуваат коскеното ткиво).

Доколку активноста за градење на коскеното ткиво на остеобластите ја преминува деструктивната активност на остеокластите се случува процес на здраво регенерирање на коскеното ткиво. Доколку овој процес е наопаку, тогаш се случува губење на коскено ткиво, односно коските полека се ронат.

Ова е резултат на остеопорозата која со тек на време доведува до вакви фрактури од ронење на коската. Многумина од нас не сфаќаат во колку лоша состојба се нашите коски се додека не дојде најлошото.

Жените генерално се многу по склони кон остеопорозата затоа што природно имаат помалку коскена маса од мажите, но и годишното губење на коскена маса е забрзано после менопаузата.

Ризикот од остеопорозата го зафаќа секого. Сметајте дека сме на врвот на нашата коскена густина и маса во нашите 30ти години. Кога еднаш ќе го стигнеме овој оптимум, понатаму коскената маса полека почнува да се намалува.

Најдоброто што можеме да го направиме е да ја задржиме таа коскена густина и да ги одржуваме коските здрави затоа што треба да не служат преку целиот живот.

За навремено да го зачуваме здравјето на нашите коски треба да започенеме со нивна навремена заштита.

Наша препорака: Dr. Viton – K2 Komplex

К2 Komplex-от е нутритивна формула на база на витамин К2 –Мк7 обогатен со Органски калциум од морка трева, Магнезиум, ВитаминД3 и Цинк.

Dr. Viton K2 – Komplex може да го набавите во аптеките на: Еурофарм, Виола, Плус Фарма, Галениум, Бети, Зегин… во дрогериите на ДМ-дрогерии и Cosmo – Tinex и сите подобро снабдени аптеки.

Направте брза онлајн нарачка:
https://alfalab.mk/proizvodi/k2-komplex

Телефон за нарачка: (02) 3218-821
(Секој работен ден од 8:30 до 15:30 часот)
Достава до вашата домашна адреса