Во борбата против целулитот најважна е здравата исхрана со многу овошје, зеленчук и редовно вежбање. Повеќе зеленчук во исхраната, протеини и вода, помагаат во воспоставување на мормално ниво на естроген во крвта и регулирање на шеќерот во крвта, што се исто така важни фактори против целулитиот. Темелната промена во исхраната секако може да помогне вашето сврзувачко ткиво да биде поцврсто, а целулитот да се намали.
Целулитот може да ве натера да изгледате лошо, дури и да сте ослабеле! Не мислете дека целулитот може да се поправи само и единствено со интервенција на лекар.Постојат некои природни средства и методи, кои би можеле да влијаат на целулитот до максимум и да го направат одвај забележлив до целосно исчезнат!
Внесувајте доволно течности. Најдобро е да се пие обична вода. Водата ја подобрува размената на материите, а со тоа ги отстранува токсините.
Обидете се кафето да го замените со билни чаеви, против целулит најдобар е чајот од коприва бидејки ја поттикнува циркулацијата и детоксикацијата на организмот. Исто како и кафето, алкохолот го поттикнува излачувањето на вода, па и неговото конзумирање треба да се ограничи.
Обидете се да се храните правилно. Намалете го внесувањето на храна богата со заситени маснотии и протеини од животинско потекло, јадете риба или пилешко. Зголемете го дневното внесување на овошје и зеленчук, а едноставните јаглени хидрати заменете ги со сложени. Освен тоа што има превентивно влијание од појавување на целулит, оваа исхрана е добра за целиот организам.
Зголемете го внесувањето на продукти богати со витаминот Ц (овошје и зеленчук, природни овошни сокови), калиум (банани, вишни, праски, портокали и грав) бидејки овие продукти го подобруваат отстранувањето на штетни материи од организмот.
Избегнувајте пресолена и презачинета храна. Солта има способност да ја задржува водата што е една од основните причини за појавување на целулитот.
Редовно чистете го организмот од токсини. Излачувањето на токсините преку урината го поттикнуваат некои билни чаеви, на пример од коприва, додека против констипација влијаат сувите сливи, пченичните никулци, ленено семе и каша од зоб.
Бидете секојдневно физички активни барем 30 минути со цел поттикнување на метаболизмот и подобрување на излачувањето на токсините. Телесна неактивност, а особено целодневното седење овозможуваат идеални услови за формирање на целулитот. Пливањето се смета за идеален облик на вежба за превенција од целулит.
Обезбедете му на организмот доволна количина на кислород, најдобро поминете некое време во природа. Со потењето се исфрлаат токсините.
Масирајте ги деловите на кои имате целулитот. Масажата ја стимулира циркулацијата на крвта и лимфата и го подобрува ослободувањето од целули-тот. Целулитот се наоѓа 3-5 милиметри под кожата, во сврзното ткиво и нема потреба од грубо притискање и гмечење. Масажата никогаш не смее да биде болна.
Обезбедете си доволно време за опуштање – се смета дека целулитот може да биде резултат на стресниот начин на живот, поради тоа во текот на денот посветете си барем еден час на себе. Направете атмосфера во која ќе се чувствувате најопуштено. Умерената физичка активност, исхраната богата со овошје, зеленчук, интегрални житарки со малку заситени маснотии, внесување доволно течности, масажа се чекорите кои треба да ги направите за спречување или намалување на целулитот.