Oслабете со моќта на водата?

Не ја нарекуваат без причина еликсир на животот – водата е совршен пијалок кој има цела палета на корисни ефекти врз многу процеси во нашето тело. Секојдневното консумирање на вода е  најлесниот, најевтин и најефикасен начин за да се задржи високо ниво на здравје и убавина.

Зголемувањето на внесот на свежа, чиста  и незасладена вода драстично ќе го подобри изгледот на вашата кожа, состојбата на кардиоваскуларниот систем и ќе обезбеди квалитетна работа на уринарниот тракт. Исто така, водата има значаен корисен ефект за сите оние кои се обидуваат да ја намалат телесната тежина бидејќи овозможува побрзо, долготрајно и здраво губење на тежината.

Како ни помага  водата да ја намалиме телесната тежина?

Водата има неколку корисни ефекти врз процесот на губење на тежината. Луѓето кои редовно консумираат различни безалкохолни (слатка) пијалоци често не се ни свесни за тоа колку калории и шеќер имаат таквите сокови. Просечниот потрошувач на разни газирани и не-газирани видови на сок во своето тело секојдневно внесува речиси 20% повеќе калории отколку луѓето кои пијат вода. Исто така, неколку студии покажаа дека водата го намалува апетитот и влијае на помал внес на калории за време на оброците

Колку вода треба да се пие пред јадење?

Една студија спроведена 2006. во Велика Британија покажа дека учесниците кои пиеле две чаши од 200 ml вода пред секој оброк за 12 недели загубиле во просек  скоро 7 килограми, а јаделе иста количина на храна, како и групата која не пиела вода, чиј резултат беше само 4,5 килограми. Резултатите од истражувањето покажаа дека луѓето на диета може да го забрзаат губењето на тежината за околу 30 проценти во период од шест месеци, консумирајќи околу 400 милилитри вода пед секој оброк.

Колку просечно би требало да пиеме вода во текот на диетата?

Како што рековме, консумирањето на вода пред јадење е одлична тактика за губење на тежината. Сепак, ако сакате подобри резултати, треба да  консумирате што е можно повеќе вода помеѓу оброците. Ова особено важи за луѓето кои имаат тенденција да  јадат и пијат во стресни ситуации или додека гледаат телевизија Во овој случај најдобро би било секогаш со себе да носите шише со вода за пиење и  наместо да посегнете по чипс, кикирики, чоколадо секогаш да посегнете по водата.

Со консумирање на вода до одлично здравје

Во зависност од вашата телесна тежина, физичката активност и од сезоната, дневно би треба да консумирате помеѓу 1,9-3 литри вода. Ова значи дека за повеќето возрасни луѓе, идеалното количество на вода кое треба да го испијат секој ден е околу два до два и пол литри. На овој начин вие не само што ќе ја намалите гладта и  ќе го забрзате губењето на тежината, туку, исто така, ќе ви обезбеди сите системи во телото да работат беспрекорно. Логично, оваа количина значително се зголемува за професионални спортисти, тешки физички работници и оние кои се изложени на екстремна топлина. Ако не сте сигурни која е вистинската мерка за вас посоветувајте се со вашиот општ лекар .