Јогата е само за релаксација, а не за слабеење ?! Аштанга јогата е поинаква од регуларниот начин на применување на јогата, бидејќи го обликува Вашето тело подобро од било која физичка активност, фитнес & аеробик вежби. Аштанга јогата е тајната на совршениот изглед & неверојатната енергија со која располагаат најзвучните светски имиња меѓу кои, Џенифер Анистон, Стинг, Лејди Гага, Мадона …
Во продолжение следи личното искуство на Аштанга јога учителот Горан Ивановски…
Како се запознав со аштанга јогата, случајно?! Ако во животот постојат случајности тогаш ја сум дел од таа приказна. Се случи така што после моја повреда во кик боксинг (инаку бев долги години активен кик – боксер и натпреварувач) морав да отсуствувам од напорните тренинзи, а воедно да работам вежби кој ќе ја санираат мојата повреда на лактот. И како што секогаш се случува “господ не ја затвара вратата од еден свет, а да не отвори друга врата .
Едноставно добив „џекпот“ Аштангата ми даде две во едно динамична тело вежба и смирен ум што до тогаш неможев да најдам во ниедна претходна активност. Бидејќи Аштанга јогата не е како другите видови јога – пасивна, овој вид е динамичен и троши повеќе калории од час и половина активен фитнес тренинг.
Оваа тајна ја откриле многу познати селебрити и практикувајки аштанга јога бидејќи не само што имаат одредена физичка активност туку за разлика од сите физички активности овде има нешто што недостига во секоја теловежба, а тоа е контрола на умот!
Ние можеме да изгубиме килограми со секоја спортска активност но килограмите повторно ќе ги вратиме поради стресовите што ги носи денешниот начин на живот. Значи што се случува? Поради одредена стресна ситуација во нашето тело се исфрла адреналин кој прави во нашиот мозок да се излачи кортизол кој доведува до трошење на шеќерот во крвта и ние сме „мртви гладни“.
Но како гладни? Таа глад е емоционална глад која нема врска со природната глад која е исконска и е потребна за одржуванје на нормална психофизичка активност.
А емоционалната глад не е поврзана само со стресот, тука со тагата, депресијата, анксиозноста, и ред други денешни животни ” сопатници”.
Ваше е дали ке го земете кормилото во свои раце и ке го победите немирниот ум и ке ја добиете војната (Аштанга јогата) или ќе војувата битка по битка со одредени физички активности (фитнес) и постојано ќе се содрувате со вече познатиот јојо-ефект (дебели-витки).
Милиони луѓе во светот го препознале овој вид на јога како совршено орудие против стрес, депресија и вишок килограми…бидете и Вие дел од Аштанга јога семејтвото!
Мастер по Аштанга јога – Горан Ивановски
Бидете и Вие дел од Аштанга-јога семејтвото & започнете со Вашиот јога тренинг навреме!
Локација: Спроти ГЕРМАНСКА АМБАСАДА-Козле
077 695 230