Ослабете без диета

Здравата исхрана и редовното вежбање докажано го забрзуваат метаболизмот, ги согоруваат мастите и ја зајакнуваат мускулната маса. Меѓутоа, ако сте се одлучиле за зимска хибернација и тешко ви паѓа било каков строгиот режим, за вас имаме неколку интересни совети.

Шеќерот заменете го со мед

Иако сам по себе нема да ви помогне да ослабете, медот може да ви помогне да ја совладате желбата за шеќер. Можете да го додадете во кафето наместо шеќер, да го намачкате на леб, а исто така и самиот мед да го консумирате. Ако притоа го намалите вносот на јаглени хидрати, а го зголемите вносот на зеленчук и протеини, ќе имате добро врамнотежено ниво на шеќер во крвта. Освен тоа, не јадете повеќе од четири супени лажици мед на ден (една лажица содржи 60-70 калории).

Дупнете ги ушите

Верувале или не, ако ги дупнете ушите на одредени акупунктурни точки, тоа може да ви помогне да ослабете. Едно интересно истражување имало за цел и да го докаже тоа. Покрај диетата, испитуваните биле изложени на ушна акупунктура. Имено, во ушите постои точка која има функција на предизвикувач на гладот. На личностите на кои им се дупнати ушите на таа точка, но и на уште некои акупунктурни, симнале поголем процент на телесна маса во однос на оние кои не биле изложени на тој третман.

Витамин Д

Освен што е неопходен за нормално функционирање на организмот, се покажало дека витаминот Д има клучна улога и во слабеењето. Млекото, сокот од портокал и овесни снегулки се богати со овој витамин. Витаминот Д е потребен на секоја клетка во телото. Тоа се однесува и на масните клетки, на кои е неопходен, без разлика дали се таложи или ги согоруваат калориите. Исто така, нашиот мозок со помош на овој витамин го создава хормонот серотин и ја забрзува абсорпцијата  на калциум, што пак, допринесува  за побрзо губење на килограмите. Една студија покажала дека жените кои, во текот на двонеделната диета, на дневна основа внесувале 1200 мг калциум, изгубиле шест пати повеќе килограми од оние кои не користеле калциум.

Јадете повеќе јагоди

Јагодите се познати по високото ниво на антиоксиданси кои ги содржат. Меѓутоа, голема количина на витамин Ц, влакна и калциум го прават ова овошје одличен избор, доколку сакаме да изгубиме на тежина. Не само што го намалуваат апетитот и забрзуваат метаболизмот, туку и го одржуваат стабилно нивото на шеќер во крвта и со тоа спречуваат неконтролирана потреба по слатки.

Секој ден јадете аспарагус

Аспарагусот е одличен диуретик, што значи дека помага при исфрлање на вишокот на вода од телото и со тоа се намалува надуеноста на стомакот. Изобилува со хлорофил, антиоксиданси, железо и витамините А, Ц, К и Б 6. Покрај сето ова, една порција аспарагус содржи неверојатни 17 калории и речиси да нема масти. Благодарејќи на големата количина на алкалоиди, учествува во разградување на масни наслаги, ја стимулира циркулацијата и работата на бубрезите, како и што помага при исфрлањето на токсини од телото.