Нов тренд: Гимнастика за лице – најдобриот третман против брчки

Со малку добра волја против овие непријатни знаци на стареење може да се борите и со едноставни вежби кои ги зајакнуваат мускулите на лицето.

 lice 123

Специјалните креми и хируршките интервенции не се единственото решение за брчките на лицето. Со малку добра волја против овие непријатни знаци на стареење може да се борите и со едноставни вежби кои ги зајакнуваат мускулите на лицето. Ова е истовремено ефикасен начин да се опуштите и да пронајдете внатрешен мир.

1. Раширете ги усните со палците како насмевка на кловн, а со показалецот истовремено притиснете ги надворешните делови на очите за да не настанат нови брчки. Вежбата трае шест секунди, по што следи пауза од десет секунди.

2. Против брчките меѓу веѓите, стиснете ги веѓите шест секунди како да сте намуртени, а по пауза од десет секунди, повторете ја вежбата.

3. За добар крвоток земете длабок здив и надујте ги образите,  вдишаниот воздух неколку пати преместувајте го од едната до другата страна на образот.

4. Против создавање на подбрадица правете вежби со јазикот, односно пуштете го и повлечете го јазикот.

Со цел вежбите да бидат поефикасни, треба да ги правите секој ден, наутро и навечер по пет минути, наместо периодично кога за тоа ќе најдете слободно време.