Освежителен и здрав пијалак за убав почеток на денот.
Овој здрав пијалак се подготвува за помалку од 15 минути, а се добиваат две чаши, односно количина за двајца или за две употреби. Една чаша содржи 140 калории.
За да го подготвите потребно е 125 милилитри сок од ананас, 200 милилитри немасен јогурт, 250 грама свежи јагоди, 1 лажичка кафеав шеќер.
Наведените состојки ставете ги во миксер и мешајте на средна брзина додека фрапето не стане густо и кремасто. По желба може да додадете и две три коцки мраз.