Нискокалорична здрава напивка за енергичен почеток на денот

За помалку од 15 минути може да приготвите здрав појадок од сезонско овошје и јогурт.

Пробајте го рецептот од летно овошје – праска и диња, не само што дава енергија туку и освежува во топлите денови.

Потребно ви е:

1 зрела праска, 1 кришка диња, 1 морков, 150 мл јогурт, 1 лажичка мед.

Морковот исечкајте го на кругчиња, праската и дињата излупете ги и исечкајте ги на коцки, потоа ставете ги сите намирници во блендер и додадете ги јогуртот и медот.

Оладете ја напивката по желба, а пред послужување може да додадете и две коцки мраз.