Др Оз: Со едноставни вежби до полесно чекорење и без болки на високи потпетици

Со овие неколку едноставни вежби ќе ги зајакнете вашите мускули и полесно ќе ги поднесете високите потпетици.

vezbi981

Нема ништо полошо од постојана борба за сензационална прошетка на вртоглаво високи потпетици, додека всушност се обидувате да задржите рамнотежа и да заборавите на болката. Наместо омилените чевли да ги ставите настрана во задниот дел од вашиот шкаф и да заборавите дека постојат, во својата рутина воведете ги овие вежби.

Во теретана : справа за нозете

Со вежбање на оваа справа се активира секој мускул што вообичаено се активира кога се оди на високи потпетици. Тоа се квадрицепсите, листовите, како и најголемиот заден мускул. Направете 4 серии по 10 вежби.

Дома : подигнување на прсти

Оваа вежба делува на листовите и мускулите на потколеницата, односно на оние мускули кои се одговорни за стабилизирање на глуждовите. А токму силните глуждови и листови се од пресудно значење за сите жени кои сакаат да носат високи потпетици.

Дома : подигнување товар

Оваа вежба можете да ја направите и во теретана на соодветна справа, но може да се вежба и дома. Седнете исправено и на колената ставете некаков товар, а потоа товарот подигнете го со прстите. Можете да ја вежбате и со вашето детенце, нека ви седне во скутот и обидете се да го подигнете со нозете. Вежбата ги зајакнува и листовите.

Дома: ножна азбука

Седнете на подот и со едната нога, држејќи ја во воздух, обидете се да ги испишете сите букви од азбуката, движејќи го глуждот. Оваа вежба ја стимулира циркулацијата во нозете и ги релаксира лигаментите.

vezbi872

Дома : тркалање

Земете една мала топка или дрвено сукало и масирајте го стапалото газејќи ја топката или сукалото. Оваа вежба е погодна после носењето на високи потпетици бидејќи ги релаксира нозете кои често се иритирани од чевлите.

Во видеото се претставени уште неколку вежби кои моат да ви бидат од голема помош за полесно чекорење на високи потпетици.