Здрава летна напивка која не содржи многу калории, освежува и дава чувство на ситост па може да земени и еден оброк.
За помалку од 10-на минути подгответе ја оваа здрава вкусна напивка која е добар сојузник на секоја диета. Доколку сакате да загубите некој килограм или да се чувствувате полесно во топлите денови, би било одлично ако во текот на летниот период поченете да ја земенувате вечерата или појадокот со неа.
За една чаша шејк од лубеница потребни се 2 кришки лубеница, 2 свежи каставици, 1 целер, 1 јаболко и 1 лажичка мед.
Свежото овошје и зеленчук измијте го, излупете го, исечкајте го на ситни парченца и ставете го во соковник. Потоа, сервирајте во висока чаша и декорирајте по желба. По желба може да додадете и две-три коцки мраз.
Шејкот од лубеница е одличен и за детоксикација на организмот.