Кога си под огромен стрес, најчесто здравите навики како редовната исхрана и физичките активности, најлесно се забораваат.
Но, според експертите тоа не мора да биде така, зашто постојат докажани начини за да се избегне оваа стапица, и да не му се дозволи на стресот да го уништи дури и твојот физички изглед.
Еве што можеш да направиш за да го задржиш своето витко тело или телесната тежина со која си задоволен:
Физичката активност мора да е приоритет
Не смее да има изговор за избегнување на редовната физичка активност, ако сакаш да си здрав и фит таа едноставно мора да ти биде приоритет.
Редовното вежбање е една од клучните техники за здраво менаџирање на стресот, но и за одржувањето на нормална телесна тежина.
И одлично е што е така, зашто што со една позитивна промена во дневната рутина, се адресираат двата проблеми истовремено и дополнително се подобрува и здравјето.
Без оглед дали одиш на прошетка како прва работа наутро, за време на паузата за ручек, или посетуваш фитнес центар пред или по работа, неопходно е физичката активност да стане составен дел од твојот живот доколку сакаш да си и останеш виток.
Направи поздрав избор на храна
Здравата исхрана е неизбежна за добро здравје и виталност, но од другата страна на спектарот стои компулсивното посегнување по храна најчесто за утеха и тоа прави сосем спротивен ефект.
Со една студија било докажано дека и кога се јаде за утеха, а не од глад, поздравиот избор како на пример пуканки, го подигнува расположението во иста мерка како и не толку здравите опции.
Со други зборови, ако не можеш да престанеш нон-стоп нешто да грицкаш, тогаш барем наполни ја твојата кујна со поздрави опции, за токму тие да ти бидат секогаш при рака.
Јадете и со мозокот
Ова значи дека додека јадеш треба да останеш фокусиран на она што го јадеш без нешто да ти го одземе вниманието.
Ваквиот пристап кон јадењето може да ти помогне да го намалиш стресот, да ја намалиш телесната тежина или да спречиш од невнимание истата да се покачи.
И затоа следниот пат кога ќе го јадеш твојот оброк, обиди се целосно да уживаш во него без вниманието да ти го одзема твојот мобилен телефон или телевизорот.
Пиј повеќе вода
Затоа што е многу лесно особено кога сме под голем стрес, чувството на жед, погрешно да го протолкуваме како глад, тогаш треба повеќе да внимаваме.
Односно според советите на експертите ако поминало релативно кусо време од твојот последен оброк, а ти се уште се чувствуваш гладен, напиј се прво вода пред да решиш повторно да посегнеш по храна.
Антистрес техниките нека станат составен дел од твојот живот
Без оглед дали ќе практикуваш јога, медитација или ќе се искачуваш по планини, или ќе изучуваш можеби релаксирачки техники на длабоко дишење, што и да правиш прави го редовно, зашто на тој начин ќе успееш да го намалиш нивото на кортизол, а и на стресот.
Но, ако сакате инстантно да влијаете на кортизолот, тогаш ви треба магнезиум и витамин Б6, одеднаш. Кога кортизолот е во стабилно ниво, мала е веројатноста дека ќе потклекнете на погрешниот избор на храна, а ќе имате доволно енергија и желба да ја изведете тренинг сесијата.
Dr. Viton Magnezan B6 ќе ви ја овозможи оваа предност за многу кусо време. Комбинацијата на магнезиум и Б6 ја прават формулата двојно поефикасна во релаксирање на нервниот систем, мускулатурата, но и во поттикнување на серотонинот.
Со Dr. Viton Magnezan B6 и здравиот животен стил доаѓа спонтано!
Dr. Viton – Магнезан Б6 можете да го нарачате онлајн:
https://alfalab.mk/proizvodi/magnezan-b6
Dr. Viton – Магнезан Б6 може да го набавите во аптеките на: Еурофарм, Виола, Плус Фарма, Галениум, Бети, Зегин… во дрогериите на ДМ-дрогерии и Cosmo – Tinex и сите подобро снабдени аптеки.
Или на телефонскиот број: 02 3218 821
Секој работен ден од 8:30 до 16:30 часот
(Достава до домашна адреса со брза пошта)