Кои се најновите стратегии за помалку стрес? Дознај сега!

Сигурно досега имаш слушнато за повеќето техники кои служат за намалување на стресот, особено доколку и самиот трагаш по нешто ефикасно за кое си сигурен дека ќе ти го подобри квалитетот на твојот живот.

Од практикување на мајндфулнес и јога, преку пеење и танцување, па се до пишување на дневник или преуредување на домот, и на сопствениот поглед кон светот, и самиот знаеш дека можностите навистина се многубројни. 

Неповторлива понуда на Vitamin C Serum за 590 ден. + Подарок CLINOX

ЗА ДА НАПРАВИТЕ НАРАЧКА КЛИКНЕТЕ ОВДЕ

Но, дали би ни поверувал кога би ти кажале дека најновите антистрес стратегии можеби се нешто за кое ниту ти никогаш не си слушнал?

Како и да е, ние сметаме дека е вредно да се споменат особено, бидејќи се тесно поврзани со нашите внатрешни способности и карактерни особини.

Според стручњаците чиј главен интерес е изнаоѓање на ефикасни начини за здраво справување со стресот, употребата на нашите најсилни карактерни особини на сите нас би ни помогнало да живееме помалку стресен живот.  Еве што предлагаат тие:

Техника наречена reframing

Оваа техника се базира на нашата вродена способност да го користиме нашиот ум, и свесно да избереме како ќе гледаме на случувањата околу нас.

Целта е со сопствената ментална активност да успееме причината за стрес или негативната ситуација да ја гледаме од позитивен агол.

Со помош на критичко размислување, од нас се бара да успееме да го вреднуваме искуството, односно да го погледнеме и анализираме од повеќе агли, со цел да согледаме што е позитивно за нас. Зошто во се, колку и да изгледа трагично, мора да има нешто позитивно. Ако ништо друго, секое искуство би можело да се согледа и како лекција од која би можеле да научиме нешто.

Ваквиот пристап кон стресните ситуации, навидум негативното искуство може свесно (со силата на сопствениот ум) да го претвори во позитивно, поради што стресот неминовно ќе се намали, а ние порелаксирано и порастеретено ќе си продолжиме понатаму.

Афирмирај ги сопствените вредности

Со научни студии е докажано дека оние лица кои размислуваат за сопствените вредности и силни страни на карактерот, пред некој важен настан, доживуваат помалку стрес и кај нив дури се лачи и помала количина на кортизол во споредба со контролните групи.

Со други зборови, оној кој верува во себе и во сопствените квалитети, има поголема самодоверба и се чувствува безбедно сам со себе, такашто потенцијалниот стресор не толку лесно би му го активирал „бори се или бегај“ рефлексот зашто ваквиот човек нема да се чувствува многу загрозено или уплашено.

Научи вистински да простиш

Простувањето воопшто не е лесна задача, и личноста треба навистина да е силна за да може да го стори тоа.

Но, колку и да е тешко навистина е важно, бидејќи кога станува збор за простувањето научниците се едногласни, и велат дека оние кои умееат да си простат себе си, а и на другите се посреќни и со подобро ментално здравје.

Но, што да правиш ако навистина ти е тешко да простиш?

Експертскиот совет е да почнеш полека, чекор по чекор од малите работи и да научиш да ги отпушташ работите, во смисол да не си ги земаш при срце и држиш во себе, каде ќе продолжат да те измачуваат.

На пример, ако некој ти го пресече патот додека возиш, наместо импулсивно да се изнервираш или вознемириш и потоа со саати да си под стрес мислејќи и доживувајќи го лошото чувство одново и одново, научи да си го смениш пристапот односно реагирањето.

Наместо да изгубиш контрола, направи пауза, полека вдиши два пати, и потоа отпушти се од себе негативно, недозволувајќи си да се вознемириш, откако ќе го направиш ова дури можеш и самиот на себе да си кажеш: се е во ред, сега можам да продолжам смирено понатаму.

Користи позитивни афирмации или пишувај за нешто во што уживаш

Научниците велат дека што точно тебе би ти помогнало повеќе во овој пристап, многу зависи од твоето ниво на самодоверба.

Тие велат дека: Оние кои имаат помала самодоверба, се чувствуваат подобро кога пишуваат за некоја активност во која уживале, но овие лица не се чувствуваат подобро ако пишуваат позитивни афирмации за себеси.

Од друга страна, се покажало дека оние со висока самодоверба се чувствуваат подобро кога пишуваат позитивни афирмации за себе, отколку кога наместо тоа пишуваат за некоја активност во која уживале.

Секоја нова техника за контролирање на стресот е добредојдена, но никако не откажувајте се од старата, проверено добра солуција наречена Dr. Viton Magnezan B6. Храната, спортските активности, јогата и сите останати техники за релаксација, не се во состојба да испорачаат брзи резултати како што тоа го можат овие две. 

Витаминот Б6 сам по себе го опушта нервниот систем и ја намалува тензијата во мускулите, но го потенцира истиот тој ефект што природно го поседува и магнезиумот. Плус, помага во апсорпција на минералот – 40 % повеќе магнезиум добива вашето тело кога го зимате во комбинација со Б6. 

Dr. Viton Magnezan B6 – вашата проверена тактика за намалување на стресот!

Dr. Viton – Магнезан Б6 можете да го нарачате онлајн:
https://alfalab.mk/proizvodi/magnezan-b6

Dr. Viton – Магнезан Б6 може да го набавите во аптеките на: Еурофарм, Виола, Плус Фарма, Галениум, Бети, Зегин… во дрогериите на ДМ-дрогерии и Cosmo – Tinex и сите подобро снабдени аптеки.

Или на телефонскиот број: 02 3218 821
Секој работен ден од 8:30 до 16:30 часот
(Достава до домашна адреса со брза пошта)