Вие се спремате за некој голем настан и ден пред пред настанот на лицето одеднаш ви се појавуваат неколку безобразни акни, кои е речиси невозможно да се покријат. Ако сакате да избегнете вакви ситуации, пронајдете го изворот на проблемот и пресечете го од корен.
1. Погрешна козметика
Козметиката за лице може да биде многу корисна, но и штетна за вашата кожа. Колку се производите побогати со состојки кои не можете да ги прочитате, постои поголема опасност од алергиски реакции. Ако чувствувате промена на кожата, откако ќе ја нанесете новата крема или лосионот за чистење, заменете го производот со природен производ кој не содржи вештачки состојки, како боја и минерални масла.
2. Излив на стрес
Стресот кој го таложиме во текот на неделата може да биде штетен за нашето тело, па така и за нашата кожа. Хормоналниот дебаланс настанал поради големото количество стрес кое може да се покаже на нашето лице, и тоа во форма на акни. Ако чувствувате дека предоцна сте реагирале, време е да најдете решение за ова. Лесна физичка активност, анти-стрес програм на опуштање или добра забава со добро друштво е најдобро решение, за кое подоцна лицето и телото ќе ви бидат благодарни.
3. Сушење на кожата на лицето
Оваа грешка најчесто ја прават оние кои се борат со мрсна кожа. Силните средства кои содржат алкохол или бензоил пероксид ќе ги отстранат маснотиите од лицето, но премногу користење, значи и сушење на кожата. Сувата кожа тогаш почнува самата да се заштитува излачувајќи повеќе маснотии, што доведува до создавање на акни. Бидете умерени и по третманот задолжително нанесете хидратантна крема.
4. Валкани апликатори
Апликаторите за декоративна козметика како сунѓери и четкички можат да бидат вистински непријатели на вашата кожа, се разбира, доколку не ги одржувате. Доколку не ги миете редовно тие ќе ги соберат маснотиите од вашето лице, правејќи легло на бактерии, кои ги предизвикуваат акните. Апликаторите мијте ги со сапун еднаш неделно или еднаш во две недели, во зависност од тоа колку ги користите.
5. Блага храна
Рафиниран шеќер со висок гликомски индекс, попознат како бел шеќер, голем непријател е на вашата витка линија, а со тоа и на вашата кожа. Храната преполна со нездрав шеќер го подигнува нивото на шеќер во крвта, а со тоа да предизвика и создавање на акни. Белиот шеќер заменете го со кафен или кокосов шеќер или со мед или сируп од агава (од родот Agavaceae).