Највкусните палачинки кои некогаш ги имате пробано! (рецепт)

Веруваме дека досега барем еднаш имате направено палачинки. Бидејќи начинот на подготовка е лесен не секогаш обрнувате внимание на сите состојки, но тука грешите.

Сакате да подготвите палачинки за вас и вашето семејство кои и без полнење и додатоци ќе бидат вкусни.

Ова е точниот рецепт за совршените палачинки, следете ја оваа постапка:

Состојки:

  • 2 јајца
  • 4 шолји брашно
  • ½ литри млеко
  • 100 ml кисела вода
  • 1 прстофат сол
  • 1 лажичка шеќер

Начин на подготовка:

Во сад изматете ги јајцата, додајте им прстофат сол, 1 лажичка шеќер и ½ литри млеко. Постепено додавајте го брашното во садот за да не се направат грутки брашно и матете се додека не добиете убаво соединета смеса.

На крај додадете 100 ml кисела вода и промешајте убаво за да се соедини со другите состојки.

Сигурно веднаш ќе почнете да правите палачинки, но една од тајните е што треба да почекате 20 минути смесата да отстои.

Пред печењето промешајте ги убаво состојките во садот и на загреано тавче со малку масло и започнете да ги подготвувате најубавите домашни палачинки.

Уживајте во подготовката, а потоа спремете се за уште поголемо уживање!

Секако може да ги збогатите и со солен или благ фил, крем или џем!

Добар апетит!