Како да го заштитите домот и себе при излегување и влегување и вршење на најобичните обврски

Во периоди на пандемија треба да внимавате дали излегувате соодветно заштитени од домот, а кога се враќате во него да ги направите вистинските чекори да го заштитите домашните од надворешните ризици.

Нека не ви биде тешко, практикувајте ги сите совети кои се добредојдени во овој момент. Секое ваше внимание значи многу за вас, за вашето здравје, здравјето на вашето семејство и секако сите околу вас.

Како да го напуштите домот безбедно во 5 чекори:

1. Пред да го напуштите домот ставете ракавици и маска за една употреба особено ако планирате да се возите во лифт, да одите во маркет или аптеки или на работа. Сеуште времето е ладно, а тоа ни е во прилог бидејќи ќе може да носите облека со долги ракави за рацете комплетно да ви бидат покриени. Соберете ја косата и по можност носете капа бидејќи и косата е преносител не само рацете. Така помалку ќе ја допирате и ќе се заштитите.

2. Избегнувајте овој период да носите накит бидејќи ќе имате повеќе делови за дезинфекција потоа, а притоа со дезинфекција може да ги оштетите. Избегнувајте шминка бидејќи при корекција на шминката ќе го допирате лицето, а тоа е не препорачливо во овој период.

3. Избегнувајте користење на јавен превоз доколку е можно. Ако е релацијата поблиску пешачете малку, а во спротивно доколку одите на работа секој ден може да побарате некој од колегите кои се со сопствено возило да одите заедно на работа.

4. Избегнувајте гужви во маркетите и пазарувајте кога гужвата ќе се намали. По можност користите платежни картички наместо кеш при плаќањето. Задолжително носете маска и ракавици кога пазарите или допирате пари. Секако маските и ракавиците нека бидат за еднократна употреба.

5. Поздравете ги соседите од далеку. Избегнувајте блиска комуникација со колегите, вработените во маркетите и аптеките, соседите. Растојанието од 2 метри е најбезбедно за сите.
Кивање и кашлање строго во лакт или марамче кое веднаш ќе го фрлите во затворена просторија

Како да влезете во домот безбедно за сите во 5 чекори:

1.Пред да влезете во домот испрскајте ја облеката и чевлите со алкохол. Чевлите соблечете ги пред врата веднаш однесете ги на тераса и заедно со јакната која ќе ја ставите во кеса пред да влезете во домот. Облека исто така оставете ја на тераса да се проветри, а по можност менувајте ја облеката која сте ја носеле тој ден. Чевлите и јакната прскајте ги убаво со алкохол и оставете ги во текот на ноќта да се проветрат.


2.
Маската и ракавиците внимателно отстранете ги и фрлете ги во корпа или кеса за отпадоци пред влезната врата. Измијте ги темелно рацете и дезинфицирајте ги со соодветно средство. Зачестената хигиена во овој период на телото е препорачлива.

3. Паричникот, клучевите и чантата оставете ги во кутија при самиот влез да домот кога ќе ја соблекувате јакната. Оставете ги на тераса да се проветрат и задолжително пребришете ги со алкохол.

4. Не заборавајте на мобилниот! Колку пати го имате допрено додека бевте на работа со ракавици или без. Задолжително дезинфицирајте го мобилниот, но внимавајте со течноста и користете само алкохол при дезинфекцијата за да не го оштетите уредот.

5. Сигурно нешто сте купиле од маркет или аптека. Пред намирниците да ги поставите на маса или лековите во домашната аптека задолжително оставете ги на тераса и со чисти ракавици еден по еден производ пребришете го со алкохол пред да го внесете во домот.

Секако комплетната дезинфекција е невозможна, но со ова внимание верувајте правите многу за вас и вашето семејство.

Здравјето е многу важно и треба да правите  сѐ  за да го зачувате. Немојте да ви е мака да ја вметнете оваа нова рутина во вашиот живот и почитувајте ја во целост.