Најстaрата диета: АНТОАН

„Антоан“ диетата е една од најстарите, кои беа популарни на овие простори. Со појавата на новите диети таа полека се  заборави, иако е многу ефикасна. Исхраната за време на диетата е многу неурамнотежена и не баш здрава, но истото може да се каже и за многу други понови и моментално многу популарни диети.

Краткорочното спроведување на „Антоан“ диетата, на пример, седум дена кај сосема здрава личност не треба да предизвика никакви здравствени последици. Поради целосно дебалансираната исхрана  многу е важно да се земаат додатоци на витамини и минерали во вид на таблети.

ПРИНЦИП НА ДИЕТАТА : Основниот принцип на оваа диета е строгиот распоред на исхрана, секој ден исти видови на храна. Тој ден, секоја друга храна е исклучена. Благодарение на потрошувачката на храна од ист вид во текот на денот се јавува заситеноста со која се намалува вносот на храна, како и бројот на калории. Таква диета не може да се применува долго време, туку само во форма на повремена терапија помеѓу  нормалното  хранење. Постојат варијации на диетата, каде  ист вид на храна се консумира во текот на една цела недела.

ПРИМЕР НА МЕНИ НА ДИЕТАТА „АНТОАН“ :

  • Прв ден: Месо
  • Втор ден: зеленчук
  • Трет ден: млечни производи
  • Четврт ден: овошје
  • Петти ден: риба
  • Шести ден: сирење
  • Седми ден: јајца

Покрај оваа храна не се консумира леб. Многу е важно да пиете повеќе од 2 литри вода на ден.

ПРЕДНОСТИ И  СЛАБОСТИ : Нема некоја посебна предност од „Антоан“ диетата, освен  брзото губење на тежина, и таа може да се препорача само на оние кои инаку не би можеле да ослабат. Главната слабост е целосната нерамнотежа на диетата, бидејќи главните хранливи материи, јаглените хидрати, протеините и мастите не се рамномерно распоредени. Внесувањето на витамини и минерали е исто така неурамнотежен.