Руска – пилотска диета со лазањи, кифлички, палачинки …

Постојат оспорувања дека пилотската диета измислена во Русија за воените пилоти да останат во форма, но без оглед на тоа, оваа диета брзо ги топи килограмите, што секако бара голема дисциплина …

Најбезбеден метод на губење на тежината е со намалено внесување на калории. Покрај останатите начини на регулирање на телесната тежина, пилотската диета за слабеење ја има таа предност во тоа што е се дозволено, нема премногу откажување од храна, се додека останувате во рамките на одредената дневна доза на калории. Кај пилотската диета секоја храна си носи одреден број на поени, во согласност со калоричните вредности. Оваа диета, инаку спаѓа во „брзите“ диети, бидејќи поради неа ќе изгубите до 5 килограми за една недела.

Важи само едно правило – во текот на денот имате одреден број на поени и не смеете да јадете ништо повеќе од тоа. Со руската пилотска диета одредувате како ќе ги комбинираат храна, но мора да се држите до дозволените поени. (18-20 на ден). Затоа, оваа диета се нарекува и кредитна диета или диета на поени.

Дозволен број на поени

Ако имате тежина до 70 килограми – 18 поени, повеќе од 70 килограми – 20 поени.

ПИЛОТСКА ДИЕТА –  МЕНИ

ПОЈАДОК

3 поени :

1 портокал, цел или исцеден, 1 кифла со јогурт, чај или кафе

3 поени :

Овошна салата (портокал, грејпфрут, киви) со диетален засладувач, 3 парчиња стек со малку ниско-масно сирење, чај или кафе

3 поени :

Гриз од обезмастено млеко (2 дл), суво грозје (20 грама), чај или кафе

3 поени :

1 банана, една шолја павлака (од обезмастено млеко), чај или кафе

4 поени :

2 кришки пченични леб

(40 грама), една лажичка путер и 2 лажици џем, еден или две киви, чај или кафе

4 поени :

Чаша сок од портокал, палачинка со малку џем, чај или кафе

4 поени :

2 кришки леб (60 грама), две кришки стопено сирење со малку масти, еден грејпфрут, чај или кафе

4 поени :

Тост со џем, чаша обезмастено млеко, две киви, чај или кафе.

Ручек или вечера

6 поени:

Едно парче бела риба на скара, чинија зелена салата или цвекло со оцет и масло, една круша.

6 поени:

Салата од домати со една лажичка маслиново масло, кромид и сецкан магданос, парче варено пилешко (бело месо) со лажичка путер, 2 лажици пире од компир, 3 портокали.

6 поени:

1 парче варена риба, 200 г печурки на скара, 2 варени компири или 4 лажици варен ориз, 1 овошен јогурт

8 поени:

Една чаша вино, 2 солени крекери, лист печена риба на маслиново масло, брокула варена на пареа, 2 мали компири, 1 топка сладолед

8 поени:

1 парче лосос на скара со една лажичка татар сос, 2 лажици варен ориз, 1 лажица павлака ( од обезмастено млеко), 1 праска или јаболко.

8 поени:

1 домат полнети со свежо сирење, свинско филе печено со мајчина душица, сатараш (унгарско јадење од домати, пиперки и кромид) со лажичка масло, 4 лажици палента, 1 парче ананас.

6 поени:

1 чинија супа од зеленчук без тестенини, 1 бифтек на скара (со отстранети масти), 4 лажици тестенини, една чинија компот со засладувач

6 поени:

Лазањи со тиквички и германско сирење, 1 јајце, едно парче леб, зелена салата со 2 лажици винегрет ( од масло, оцет и зачини), една чинија замрзнати боровинки или капини.

8 поени:

Краставица со 2 лажици павлака, 1 парче леб, 1 шницла од говедско месо (60 грама), 6 лажици грав, 1 круша или јаболко.

8 поени:

Супа од зеленчук со една лажичка павлака,  зеленчук варен на пареа (по желба), 1 виршла или 4 лажици леќа и 2 парчиња на посна варена шунка, 1 овошен јогурт

8 поени:

1 телешка шницла прчена на една лажичка маргарин, 250 грама грашок со моркови, една чаша вино

УЖИНА

Ако ве фати глад за време на пилотската диета, можете да си дозволите една од следниве ужини без да чувствувате вина:

1 интегрална кифла

1 парче интегрален тост леб прелиено со 15 грама растопено чоколадо

2 мали палачинки со 2 лажици џем

1 парче леб со малку путер

1 парче пита со сирење

1 мало чоколадно колаче

Храна која носи 0 поени

Од кромидот во салатата до лажичка крем на  шницла, сето тоа не носи ниту еден поен, под услов  да не земате повеќе од 3 лажички на ден!

Лажичка пармезан = 0 поени

Лажичка овошје сируп = 0 поени

Лажичка свеж крем = 0 поени

Лажичка џем = 0 поени

Риба три пати неделно

Благодарение на протеините и здравите масни киселини, рибата е една од најдобрите видови храна. Таа не носи многу поени, а изобилува со здрави состојки. За време на  пилот диетата не се лишувајте ни од “мрсната” сина риба (туна, лосос), бидејќи содржи само корисни масти.