Моќта на шафранот

Crocus sativus или повеќе познат како Шафран одсекогаш се користел како извондреден смирувач на абдоменалната болка, гастринтестинални болести, силни болки и грчевите во стомакот.

Ги смирува менструалните болки и е одличен прочистувач на бубрезите. Модерната медицина покажува дека каретоноидите кои се содржани во него имаат антиканцерогени дејство го зацврстува и воедно го подобрува имунулошкиот систем правејќи го поотпорен на било какви вирусни влијанија.

Исто така, постојат повеќе истражувања кои укажуваат на делотворноста на шафранот кога се работи за малигни заболувања. Некои испитувања покажуваат дека со користење на шафранот во лабараторски услови на животни конкретно на лабараториските глувчиња заболени од тумор, животот на глуфчињата им бил продолжен за 110% .

Тој исто така претставува моќен антиоксидант бидејќи во неговиот составен дел се наоѓа метанолот кој го неутрализира оксидацијоното дејство на слободните радикали, и тоа за дури 65%.

Шафранот се користи и  како антидепресив за блага до умерена депресија поради тоа што делува на серотонин во мозокот (хормон, кој влијае на нашето расположение, го подобрува чувството на задоволство, создава ентузијазам и енергија и нè прави посреќни).

Британските истражувачи неодамна се покажа дека шафранот успешно ја намалува најчеста причина за слабиот вид и слепило кај постарите луѓе. Учесниците во студијата биле пензионери со слаб вид. Нивната визија е значително подобрена по земањето на шафран таблети. Се верува дека шафран влијае на количината на масти кои се складираат во окото, а со тоа очите на клетки стануваат посилни и поиздржливи и нашиот вид се подобрува.

Редовно користење на шафран во било каква форма може да помогне во спречување на процесот на стареење и во регулирањето на телесната тежина.