Мојот татко е најпаметен и најубав, но лаже!

Писмото од ова девојче открива колку го сака својот татко, и колку тој и е посветен на неа. Но, исто така, носи и една тешка вистината.

-Татко ми е најслаткиот татко во светот. Татко ми е најзгоден, најпаметен. Татко ми е прекрасен, но тој лаже- пишува во писмото од девојчето.

Она за што нејзиниот татко лаже е неговата голема жртва.

– Тој лаже дека има работа, дека има пари, лаже дека не е уморен, гладен , лаже  дека ние имаме се, лаже за својата среќа, тој лаже поради мене- стои во продолжението на писмото.

Кога таткото дозна дека неговата ќерка разбира сè и дека се гледа, кога таа собра храброст да вистината да му ја напише, следеше најубавата прегратка во светот.

Видеото го создаде осигурителната компанија „Met Life“ од Хонг Конг, која порачува дека иднината на децата е достојна за секоја жртва.

Погледни го видеото, ќе сфатите дека децата секогаш ја знаат вистината.