Исчистете ги цревата од слуз, токсини и фекални наслаги за само 3 недели

Познато е дека за ослободувањето од многу болести доволно е да ги исчистите цревата од слузта, фекалните наслаги и други паразити. За 70 години живот, преку нашите црева поминува 100 тони храна и 40 илјади литри течност, што доведува до заклучок дека во стомакот се наталожени 15 кг фекални наслаги, токсичен отпад. Тие ја трујат нашата крв и предизвикуваат непоправлива штета на нашето тело.

Фактот дека цревата се валкани е честиот запек (опстипација), нарушениот метаболизам, дијабетес, прекумерна или недоволна тежина, болести на бубрезите и црниот дроб, болести на сетилата за слух и вид, лошата состојба на кожата, косата и ноктите, како и други болести, од артритис до рак .

Со помош на клизма може да се исчисти само мал дел од дебелото црево 40-50 см , а третманот за плакнење на цревата со помош на специјален апарат е скап, одзема време, и не е безопасен за цревната микрофлора.

Консумирањето на 1-3 лажици брашно од ленено семе е во можност да во рок од 3 недели сосема ги исчисти дебелото и тенките црева од долгогодишниот слуз, фекалните наслаги, паразити, со целосно зачувување на цревната микрофлора. Овој метод овозможува брзо нормализирање на тежината и согорување на масните наслаги. Има позитивно влијание за регулирање на липидниот метаболизам. Брашното од ленено семе е во состојба да ги апсорбира и да ги елиминира токсините во организмот, го намалува нивото на холестерол во крвта.

Индикации за употреба:

– Воспаление на горните дишни патишта, гастроинтестиналниот тракт

– Гастритис, колитис, чир на желудникот и дебелото цррево

– Болести на уринарниот тракт, циститис, пиелонефритис

– Прекумерна телесна тежина, промени во липидниот метаболизам

Чистење на цревата со брашно од ленено семе . Рецепт.

Како да се исчистат цревата од слузта, токсините и фекалните наслаги

3 недели наместо појадок консумирајте ја оваа смеса:

  • 1 недела. 1 лажица брашно од ленено семе , измешано со 100 мл кефир.
  • 2 недели. 2 лажици брашно од ленено семе , измешано со 100 мл кефир
  • 3 недели. 3 лажици брашно од ленено семе , измешано со 150 мл кефир.

Ако имате проблем да го набавите брашното од ленено семе , купете ленено семе и  смелете го ситно. Не правете залихи во повеќе дена, семето може да се расипе. Најдобро е секое утро нова порција .

Оваа мешавина консумирајте ја наместо појадок. Задолжително пијте вода најмалку 2 литри дневно. Одлични резултати се постигнуваат со консумирање на медена вода.

Чистењето на црева  на овој начин треба да се врши еднаш во  годината

Бидете здрави!