Елегантни фустани за куми и деверици

Инспирирани од колекцијата на Лела Роуз на сите куми и деверици ова лето ви нудиме неколку предлози како да блеснете на свадбата на својата пријателка или пријател. Боите кои ќе ја одбележат оваа сезона се главно со пастелни нијанси меѓу кои се розова, крем, сива, но тука се и светлите бои како виолетова, портокалова, сина и зелена боја. Неприкосновен е елегантниот темно син фустан на кој прекрасно идат сребрени, златни или крем сандали. Елегантниот фустани значи квалитетен материјал и крој кој ќе ви одговара на вашата градба.

Фустанот на кумата не мора да биде иста со венчаницата на невестата ни по боја, ни по крој. Единствениот императив е да биде елегантна и кумата да се чувствува пријатно во него. Девериците, пак, избираат исти фустани, секој по свој вкус, но во иста боја. Букетите кои ги носат на венчавката се идентични и тоа ги прави препознатливи. Според традицијата, девериците можат да ја изберат должината на својот фустан , додека оној на кумата мора да биде долг. Сепак трендовите овозможуваат да бидете креативни и да носите фустан каков што сакате. Ве ги советуваме и долгите и кратките фустани.

Обрнете внимание на накитот, не претерувајте со додатоци и обидете се да изберете удобни сандали. Исто така, имајте на ум дека ова лето популарни се и балетанките, но во духот на „блокинг“ бојата, можете да изберете фустан во циклама розова боја и балетанки во зелена нијанса. Што се однесува до фризурите ова лето популарни се високи пунџи, но со неутрална шминка нанесена на добра основа, малку маскара и сјај никогаш нема да погрешите.

Нежните нијанси на сиво обоени фустани без прерамки и до колена изгледа повеќе од елегантно. Со овој фустан, изберете сандали во слични нијанси и нараквици во сребрена боја. Оваа едноставна комбинација изгледа префинето.. Без оглед која нијанса ќе ја изберете, не заборавајте дека најважен е кројот. Вашиот фустан нека се шири од половината надоле. На самата половина можете да ја прицврстите со широка сатенска лента. Една нијанса, неколку детали, елегантна фризура и ќе изгледате повеќе од модерно.

Dessy-Lela-Rose-LX158xx DLR_S11_LX141XX lela-rose-136-front-620sp-121510 Lela-Rose-Bridesmaids-Purple LR134_front BMD244 Dessy-Lela-Rose-LR151 Dessy-Lela-Rose-LR155 Dessy-Lela-Rose-LR157xx Dessy-Lela-Rose-LR1531 Dessy-Lela-Rose-LX152