Мината недела Сараево беше центарот каде се собраа танчери од целиот свет да ги измерат своите вештини и квалитети. На целиот настан кој е од натпреварувачки карактер, и Република Македонија имаше свои претстаници, танцовиот клуб Dancers United Mk кој зад себе има една година од своето формирање, а кој несомнено на повеќето натпревари ги собира главните награди и овој пат го потврди истото.
Во исто време се одржуваше Светскиот куп, каде што земаа учество децата и јуниорите од Dancers United Mk, освен што се вратија со многу импресии од ова случување, се вратија и со многу медаљи и пехари. Ви ги наведуваме нивните достигнувања на Светскиот куп:
- Соло (деца) – машки ПРВО место
- Соло (деца) – женски ВТОРО и ТРЕТО место
- Дуо (деца) – ЧЕТВРТО, ПЕТТО и ШЕСТО место
- Соло (јуниори) – женски ПЕТТО место
- Дуо (јуниори) – ТРЕТО место
- Формација (деца) – ВТОРО место
Важно е да напоменеме дека со оглед дека станува збор за Светски куп, нашите најмлади во сите категории, со мошне тешка конкуренција беа финалисти во сите категории.
Дел од инструкторскиот тим на Dancers United Mk, исто така ги одмери своите сили на Европското првенство, во Сараево. Додека сеуште импресиите не стивнуваа од успесите на своите ученици од Светскиот куп, Sara Kocan и Nermin Kocan ја надополнија листата на награди на претставниците од Македонија.
Нивниот пласман беше ваков:
- 3 место Tango Escenario
- 5 место – Сите видови на Танго
- 9 место на Европски Шампионат во конкуренција од најдобрите 25 парови во Европа
Активностите на Dancers United Mk не запираат тука, достигнувањата како и досега се покажаа како мотив за работа повеќе и освојување на уште многу медаљи и пехари.
Уживајте во видеата: