Ѓумбирот број 1 лек за настинки и за подобрување на циркулацијата

За што се користи ѓумбирот?

Орално ѓумбирот се користи за болести при патување , утринска мачнина, грчеви, колики, доцнење во варењето на храната, подуеност, гадење предизвикано од хемотерапија, ревматоиден артритис, остеоартритис, губење на апетит, мигрена и во прекинот на третманот на  SSRI (селективни серотонински инхибитори).

Ѓумбирот најчесто се користи како лек за настинки и за подобрување на циркулацијата. Всушност, кога ќе се почувствуваат морници, треска и други симптоми на првиот студ, чајот од ѓумбир се користи како средство за да се загрее телото.

Со хемотерапијата се предизвикува гадење и повраќање, постојат спротивставени податоци за ефикасноста на ѓумбирот, кои, најверојатно, доведуваат до заклучок дека  реакциите се индивидуални. Постојат докази дека ѓумбирот може да има благи ефекти кај остеоартроза. Во комбинација со лук, ѓаволска канџа и омега 3-6-9 масни киселини се постигнуваат подобри резултати кај ревматските промени. Истражувањата покажаа дека резултатите се манифестираат дури  по неколку недели на употреба, во смисла на намалување на болката, за време на движење и вкочанетост на зглобовите. Сепак,  не може да се врати целосната функционалност на мускулно-скелетниот систем.

Како делува ѓумбирот?

Лековити делови на  ѓумбирот се коренот и ризомот. Ѓумбирот покажува бројни фармаколошки ефекти: ја намалува треската, анти-воспалително, седативно, антибиотски, антигабично , против кашлица. Постојат прелиминарни резултати, според кои се покажуваат ефектите на ѓумбирот во намалувањето на шеќерот во крвта, ги намалува  мастите во крвта и го спречува формирањето на тромб.

Што велат научните истражувања?

Германската комисија Е одобри употреба на ѓумбир при губење на апетит, мачнина при возење и дигестивни проблеми поврзани со металоиди и надуеност.

Студиите спроведени на бремени жени покажуваат дека ѓумбирот може безбедно да се користи за утринската мачнина без ризик за фетусот. Со земање чај од ѓумбир се намалува гадењето кај некои бремени жени.

koren-od-gjumbir baner-prodazni-mesta