За љубителите на медитеранската кујна и вистинските зависници од тестенини и најубавиот италијански сос од домати со пикантен вкус.
Состојки:
-500гр спирални тестенини
-50гр пармезан
-1 модар патлиџан
-1 морков
-1 главица кромид
-2 чешлиња лук
-400 грама излупени домати
-1 лажица кафеав шеќер
-50гр црни маслинки без семки
-4 лажици маслиново масло
-оригано
-мешан зачин
-бибер.
Подготовка:
1. Спиралните тестенини сварете ги во вода со неколку капки маслиново масло, па исцедете ги.
2. Лукот и кромидот исечете ги ситно, модриот патлиџан излупете го и исечете на коцки, а црните маслинки на кругови. Морковот изрендајте го на крупно, а излупениот домат изблендирајте го.
3. На малку маслиново масло пропржете го морковот, кромидот и лукот, а потоа додадете го и модриот патлиџан и заедно пропржете. Продолжете со динстање додавајки постепено вода по потреба.
4. Кога зеленчукот е половично сварен додадете ги исчистените домати, маслинките, шеќерот и зачините по желба. Гответе на умерена температура додека сите состојки не омекнат и да добиете изедначена смеса.
5. При крајот на готвењето додадете ги пармезанот и ориганото.
6. Сварените тестенини прелијте ги со подготвениот сос и полека измешајте.