Тајната на медениот оцет

Најпознати видови оцет се винскиот, јаболковиот и алкохолниот. Јаболковиот е воедно и најделотворен и се почесто е присутен на нашата трпеза, но исто така се користи и како средство за лечење кое му помага на организмот да биде отпорен на некои видови болести, како на пример зголемената маснотија. Освен тоа, тој го збогатува организмот со калиум.

Помалку е познато дека се произведува и меден оцет, кој по својот квалитет не заостанува зад јаболковиот. Употребата на овој оцет е скоро непозната. Сепак, поради својот посебен вкус, заслужува внимание.

Како се произведува

Раствор од мед и вода се остава да ферментира.

Растворот за ферментација се подготвува од пет делови вода и еден дел мед. Сето тоа добро се меша за да се добие еднолична концентрација. Поради контрола, може да се стави во стаклен сад, од кој би виделе дали медот е стопен.

Оваа концентрација е доволна за да добиеме квалитетен оцет.

Поради  фактот што медот нема иста специфична тежина , постои стара метода за одредување на специфичната тежина и тоа на следниов начин:

Во припремен раствор ставаме свежо јајце, доколку јајцето исплива на врвот со дебелина на кована пара, тогаш растворот е добар, но тој не содржи доволно минерали за развој на организмите кои го поттикнуваат вриењето, па затоа е потребно дополнително да се додадат.

За наша домашна употреба не е потребно да се додаваат, прибидејќи вриењето можеме да го постигнеме со додавање на квасец или слично. Како и кај чувањето на медот, така и кај производството на оцетот би требало да се употребуваат само стаклени или дрвени садови. Садовите не се затвораат, туку се покриваат само со газа. За потребите на вриењето, садовите се оставаат на топло место.

Од медот со лош квалитет не би можеле да добиеме квалитетен оцет, додека правилно подготвениот меден оцет е подобар по својот квалитет од јаболковиот оцет.

Минералниот состав на медениот оцет е негова гаранција дека е погоден за одржување на здравјето на вашиот организам.