Мастите на стомакот не се само козметички проблем. Мастите на стомакот ги обвиваат и притискаат на внатрешните органи и се причина за голем број на болести – од срцеви болести до дијабетес тип 2, па дури и некои видови на рак. Дури и ако се обидувате да го намалите обемот на вашата половина не секогаш можете да успеете во тоа. Можеби овие се причините за тоа.
1) СТАРЕЕТЕ
Со возраста вашето тело се менува , а се менува и начинот на кој губите односно добивате килограмите. И кај мажите и кај жените метаболизмот забавува, па така се намалува и бројот на калории кои се потребни за да може нормално да се функционира. Освен тоа, жените треба да се справат и со менопаузата.
“Ако жените ги добијат мастите по или за време на менопаузата толку е поголема веројатноста повеќето масти да се лепат на стомакот”, вели Мајкл Џенсен, професор по медицина на Одделот за ендокринологија на клиниката Мајо. Во менопаузата ,производството на естроген и прогестерон се намалува. Во меѓувреме, нивото на тестостерон, исто така, се намалува , но со побавно темпо. Намалувањето на овие хормони резултира со тешкотии во губењето на телесната тежина и лепење на мастите на стомакот.
2) ПОГРЕШНА КОМБИНАЦИЈА НА ВЕЖБИТЕ
Кардио вежбите сами по себе не ќе имаат големо влијание врз обемот на половината. “Треба да се комбинираат со кревање на тегови”, смета Сагнета Кашиап, ендокринолог на клиниката во Кливленд. Вежбите, исто така, ја зголемуваат мускулната маса, што го тера вашето тело да согорува повеќе калории. Кејт Патон, диететичар на клиниката во Кливленд препорачува 250 минути умерено интензивно вежбање или 125 минути неделно интензивно вежбање .
3) ПРЕМНОГУ ЈАДЕТЕ ПРЕРАБОТЕНА ХРАНА
„Преработената храна, како крекери, чипс и шеќерот во слатки и газирани пијалаци ги забрзува воспалителните процесите во телото”, вели Кејт Патон.
„Мастите на стомакот се поврзуваат и со воспалителните процеси во телото, така што преработената храна само ги зголемува шансите повеќето масти да се лепат на стомакот“. Природна храна, како што се овошјето и зеленчукот е полна со антиоксиданси кои имаат анти -воспалителен ефект.
4) ЈАДЕТЕ ПОГРЕШНИ МАСТИ
Телото не ги чува сите масти на ист начин. Истражувањата покажуваат дека заситените масти, како оние во месото, го зголемуваат обемот на мастите во стомакот. Од друга страна, незаситените масти, како оние кои се наоѓаат во маслиновото масло или омега-3 масните киселини имаат анти- воспалителен ефект и ако ги внесувате во соодветна количина може да има добар ефект врз вашето тело. Патон сепак предупредува дека прекумерната употреба на било кои масти го зголемува нивото на калории кои ги внесуваме, а со тоа влијае и на обемот на половината.
5) ПОД СТРЕС СТЕ
Стресот, без оглед на причините, тајминг, деца, сметки, ги намалува шансите за да ги изгубите несаканите килограми. Не само затоа што, кога сте под стрес, често посегнувате по слатки и високо калорична храна, туку и затоа што нивото на хормонот кортизол екстремно се зголемува. Високото ниво на кортизол во телото е поврзано со зголемениот обем на масти во пределот на стомакот.
6) СПИЕТЕ МНОГУ МАЛКУ
Поголемиот дел од луѓето спијат во просек шест часа. Тоа не е доволно. Студијата, која траеше 16 години, а во која учествувале, 70 000 жени покажала дека жените кои спијат помалку од пет часа се со поголема веројатност да се здебелат од оние кои спијат седум или повеќе часа на ден.
7) НЕ СТЕ ДОВОЛНО МОТИВИРАНИ
За да се намали обемот на половината и стомакот треба да се комбинира исхрана, која вклучува ниско калорична храна богата со влакна и ниско ниво на јаглени хидрати и шеќер. Покрај тоа, потребно е и да се вежба. Најдобро е да се комбинираат кардио вежби со дигање на тегови, вели д-р Кашиап.
8) ВАШЕТО ТЕЛО Е СО ОБЛИК НА „ЈАБОЛКО“
Ако мастите ви се лепат на стомакот, повеќе отколку на колковите и бутовите, обликот на вашето тело е како „јаболко“. Оваа генетска предиспозиција значи дека потешко ќе можете да се ослободите од масти на стомакот, но тоа не е невозможно, вели д-р. Кашиап.
9) ПОГРЕШНО ВЕЖБАТЕ
За да ги согорите мастите треба да го предизвикате вашето тело. Намалувањето на обемот на половината може да се постигне само со интензивно вежбање, што значи да согорите повеќе калории за помалку време.