Масло од кантарион помага при акни, изгореници, дури и при депресија

Поради состојките кои регенерираат и смируваат, ова растение му помага на телото како од надвор, така и од внатре, оваа чудесна билка е попозната како кантарион.

Ефикасните лековити својства се припишуваат на активната состојка – хиперицин, кој е заслужен за против воспалителни, смирувачки и регенерирачки дејства на билката и сите нејзини состојки.

Билката е позната под името кантарион, објаснува Анамарија Пажин Моровиќ, ароматерапевтка. Маслото од кантарион се смета за волшебно, бидејќи успешно ги смирува или дури лечи низа симптоми, почнувајќи од проблеми со кожата како акни, лузни, изгореници од сонце, па се до лесна депресија и гинеколошки проблеми.

-Традиционално ова масло погрешно се користело за сончање. Маслото е фото-сензибилно и затоа не би требало да се користи непосредно пред изложување на сонце. Освен тоа, маслото од кантарион не содржи заштитни фактори, предупредува Пажин Моровиќ и советува како да направите освежителна маска за лице и тело, која е добра по сончање, особено ако имате изгореници.

Во чаша со кисело млеко додадете лажица кантарион и добро измешајте. Смесата нанесете ја на лице, врат и деколте, како и на другите поцрвенети делови од телото. Оставете да делува половина час, а потоа измијте со млака вода. Како домашен лосион за нега на телото по сончање потребно ви е 80 мл. кантарион, 20 мл. хидролат од лаванда и 25 капки од етерично масло од лаванда.

-Измешајте ги состојките и ставете ги во шишенце со спреј. По туширање, добро протресете го шишенцето и нанесете ја смесата на влажна кожа, советува Пажин Моровиќ.

Кантарионот е позната лековита билка која во народната медицина често се употребува при болести како треска, проблеми со црниот дроб и жолчката, сепак најмногу истражено, а во едно и потврдено неговото анти-депресивно дејство. Во Германија е вообичаено да се дава чај од кантарион на деца и деца во пубертет за полесно да ги поднесуваат хормоналните промени, а се употребува и за ублажување на ПМС симптомите.

Чајот се подготвува така што се става една до две лажици сув кантарион и се остава да отстои во топла вода околу 10 минути. Се пие наутро и навечер по една шолја чај. За да делува, чајот против депресија треба да го пиете четири до шест недели. Ако не сакате чај, направете повеќенаменско  масло од кантарион од свежи цветови.

Оставете ги полека да овенат, ставете ги во тегла и прелијте со 100 мл маслиново масло. Затворената тегла чувајте ја три недели на сонце и повеќе пати протресете ја.

Цветови од кантарион комбинирајте ги со маслиново масло

Наполнете ја теглата со цветови од кантарион, кој е претходно исушен на чиста постелнина (цветот не смее да биде премногу сув). Потоа прелијте со цветно растително масло (маслиново или друго ладно пресувано масло) до врвот на теглата. Ставете го садот на светло место и почекајте еден месец. Потоа исцедете го маслото и ставете го во чиста амбалажа.

Кантарионот се бере од средината на Јуни до Август

Кантарионот се бере во летниот период  додека цвета, од средината на Јуни до Агвуст. Се бере само горниот зелен дел, бидејќи во цветовите и во горните листови се наоѓаат најмногу активни состојки. Во листовите се наоѓаат мали маслени жлезди, кои кога ќе ги свртите кон сонцето се чини дека се полни со мали дупчиња. Расте на сончеви предели и во сенка.

Домашна купка за уморни стапала

Чаша со крупна сол, лажица со масло од кантарион, пет капки од етерично масло од луто нане (не е за деца или трудници) и пет капки од етерично масло од лаванда. Измешајте ги состојките, додадете во леген со ладна вода и ставете ги стапалата. Купката ја регенерира и хидрира кожата на стапалата и ги смирува воспалителните процеси, како и лузните.

Домашно масло секогаш при рака

10 мл масло од кантарион (една голема лажица), пет капки луто нане и пет капки лаванда. Втријте ја смесата на стапалата по купката, легнете и подигнете ги нозете нагоре. Одморете барем половина час. Шишенцето со масло од кантарион е секогаш добро да се има при рака, поради неговите намени.

[rpi]

Топ пет најдобри совети :

1.Против ревма, гихт и ишијас

Маслото од кантарион е одличен избор за масажа поради поволното дејствување на циркулацијата. Многу е ефикасно при воспаленија на мускули и нерви, ревма, ишијас и гихт.

2.Против габи

Натопете го тампонот во масло со кантарион и ставете го на вагината да отстои неколку часови. На пазарот постојат и вагиналитети со кантарионово масло. Постапката е потребно да се повтори неколку пати.

3.Ги ублажува раните од лежење

Маслото од кантарион е одлично за спречување на рани кај болните постојано лежат. Завојот со масло е потребно да се менува неколку пати на ден.

4.Против стрии во бременост

Маслото од кантарион може да го употребуваат и трудниците против стрии и за перинеална масажа. Но, бидете внимателни, бидејќи трудниците не смеат да пијат чај од кантарион.

5.Против херпес, акни, проширени вени и лузни

Кај хемороиди, чиреви, проширени вени, херпес, акни, лузни. За иритација и изгоретини се препорачува мачкање со масло неколку пати на ден.