Масло од ЕМУ – одлично за вашата кожа

Медицинските предности на маслото Ему се многубројни. Како што самото име сугерира, ова масло се добива од мастите на птицата Ему.  Некогаш бил лек кој се користел при третирање на многу болести, денес е омилена состојка со козметичките препарати.

Освен во форма на масло, достапен е во форма на козметички препарати (крема за лице, крема за сончање, крема против брчки, сапуни, лосиони.. ). Не само што ја освежува изморената кожа, туку и ја подмладува со помош на антиоксидансите со кои изобилува. Ги содржи витамините А, Е и Ф кои ја хидратираат и негуваат кожата, меѓутоа содржи киселини кои помагаат при болки со мускулите и зглобовите.

Ова масло е добар емулгатор, одлично се меша со други масла и вода, се апсорбира во кожата за 5-8 минути, а  доколку процесот трае подолго тоа значи дека сте користеле преголема количина од ова масло. Препорачливо е маслото да се користи по капењето, додека кожата е сеуште влажна.

Ова средство е многу корисно при проблематична кожа, бидејќи не ги затвора порите како останатите козметички препарати кои резултираат со појава на акни.

Исто така, го намалува воспалението при егзем. Добро делува кај сувата кожа, обезбедувајќи навлажнување во текот на целиот ден, што го прави идеално средство за секојдневна нега на кожата. Може да се користи при постоперативни и пострауматски лузни, со цел да избледат лузните, односно раните побрзо да оздрават, но исто така при изгореници, доколку користите путер од ему раните од изгореници ќе исчезнат за многу брзо време. Спречува појава на стрии во текот на бременоста.

Негово многу битно својство е тоа што спречува размножување на бактерии, докажано  е дека не постојат никакви нус појави при користење на ова масло.

B5WeI46CQAEm9lH