Нема маски и ракавици?! Ова се поекономични решенија!

Во денови кога медицинските маски и ракавици е многу тешко па и невозможно да се најдат, ви препорачуваме неколку начини како да се заштитите вие и вашето семејство со овие алтернативни начини на самозаштита.

Шал или марама

Времето повторно залади, а овојпат покрај топлина вашиот шал или марама ќе ви донесат поголема заштита. Одберете шал или марама која лесно се одржува, а доколку имате повеќе шалчиња и марами тоа е одлично.

Пред се најважно е шалот или марамата да е испрана и најважно од се испеглана пред да ја ставите на лицето. Пред да го напуштите домот со чисти раце убаво покријте ги носот и устата со шалот и стегнете убаво.

По враќањето во домот веднаш истиот шал или марама ставете ги во затворена кеса пред да го припремите за перење. Доколку имате само едно шалче или марама пред секое повторно излегување тоа ќе мора да биде идеално чисто.

СВРТИ ГО ТРКАЛОТО НА СРЕЌА И ОСВОЈ ПОПУСТ ДО 40% ПОПУСТ ВО АЛФАЛАБ, СЕ ШТО ТРЕБА ДА НАПРАВИТЕ Е ДА ПОЧЕКАТЕ 30 СЕКУНДИ ЗА ДА ВИ СЕ ПОЈАВИ ТРКАЛОТО ЗА ПОПУСТ.

ЗА ДА ЗАПОЧНЕТЕ КЛИКНЕТЕ ОВДЕ

Како да ги одржувате?!

Идеално е машинското перење, но доколку ви треба шалчето и за следниот ден ќе мора да го исперете рачно и тоа попарете го прво со многу топла вода во леген, а по одредено време ставете нова млака вода и прашак и исперете темелно. Исушете го побрзо шалчето со убаво цедење на водата и впивање во крпа и задолжително испеглајте го убаво за да се дезинфицира комплетно.

Доколку имате повеќе шалчиња и марами, носените складирајте ги во убаво затворена кеса и чувајте ги на отворено, на тераса пред да ги подготвите за темелно перење и пеглање.

Ќе ви звучи тешко, но верувајте не е, а кога е здравјето во прашање треба да направите се за да се заштитите вие и вашето семејство.

Ракавици!

Истата практика може да ја направите и со платнени или волнени ракавици доколу не успеавте да најдете медицински ракавици за еднократна употреба. Одржувајте ги ракавиците на истиот начин како шалот и марамите. Машинко перење или рачно и задолжително убаво пеглање.

ВАЖНО: Одберете траенина која може да се пере на повисока температура, а и пегла исто така. Свилените марами не се избор овој пат!

Совет + Носете очила!

Очила за сонце, очилата со диотер кои секојдневно ги носите, или било какви други заштитни очила верувајте се исто толку важни колку и маските и ракавиците.

Зошто и очила?!

Затоа што кога сте во маркет и кога некој ќе кивне или ќе се накашла на удар на флиговите капки не се само устата и носот туку и очите, а особено доколку лицето е заразено или носител на вирус.

Светската здравствена организација го потенцира истото дека не само што треба устата, носот и очите да се заштитени туку и не треба да ги допираме кога сме надвор и рацете не ни се темелно измиени и дезинфицирани.

Направи маска сам/a!

Доколку имате машина за шиење или знаете да шиете убаво рачно може сами да си направите маска од платно која може да ја перете и пеглате.
Повелете видео во продолжение… Навистина е лесно  +  може да си направите повеќе маски во повеќе бои!

Маска за една употреба од хартиени кујнски бришачи!

Како да ја направите ви прикажуваме на видеото во прилог, а ви препорачуваме за поголема заштита да ја направите од повеќе слоеви хартиени кујнски бришачи. По употребата фрлете ја во затворена корпа за отпадоци. Во ниеден случај не ја употребувате повеќе од еднаш.

Сите совети се добредојдени, а исто така се подобри отколку да бидете без заштита!

На работа, во маркет, аптека, лифт, влез во зграда и секаде каде што е затворен простор, а притоа има и други околу вас носете маска!