Маска од брусница за уморна кожа без сјај

Брусницата е  богата со витамините А и Ц кои дејствуваат како пилинг на кожата, ги отстрануваат мртвите клетки и ги чистат затворените пори. Тие се богати со антиоксиданси и дејствуваат против воспалително, а маските со основа на брусница најдобри се за кожата без сјај. Го поттикнуваат создавањето на колаген, ги намалуваат брчките и помагаат за подобра хидратација на кожата.

Природнaта домашна маска е најдобро прво да ја испробате на внатрешната страна на подлактицата, која е најмногу слична со кожата на лицето за да ја видите реакцијата. После тоа, лицето треба се исчисти од нечистотијата и маската се нанесува на сува кожа.

Состојки: половина филџан сок од брусница, половина филџан јогурт, четвртина филџан мед и три лажици маслиново масло.

Подготовка: Измешајте ги состојките и добиената смеса нанесете ја на лицето, така оставете ја да делува 20 минути. После тоа измијте се со топла вода. Доволно е маската да ја нанесувате еднаш неделно.