Mаникирот со траен гел – Средени нокти засекогаш!

Mаникирот со траен гел лак е најновото откритие во светот на техниките за маникирот, и ако сакате долго време да заштедите на средување на вашите нокти а притоа тие да изгледаат три недели совршено, во тој случај ова е одличен избор за вас. Трајниот гел лак го има во повеќе нијанси и се нанесува како обичен лак на вашите нокти, но се пече во ЛЕД лампи.

Трајниот лак се разликува од останатите трајни лакови за нокти бидејќи е единствен. Првиот слој кој што се нанесува е 100% кератин и го потхранува, заштитува и регенерира природниот нокт. Предноста кај оваа техника е во тоа што еластичноста на третираните нокти е многу голема, тие се поотпорни на пукање, не се лупи три недели, не примаат воздух во делот на котикулите, ноктите имаат поприроден изглед, а воедно постапката за нанесување и отстранување е многу лесна и брза. Не се двоумете.

Оваа техника е наменета и за оние кои ноктите при работа им се изложени почесто на вода и на некои покрути нешта од кои лесно може да се оштети лакот. Тука нема потреба да се грижите, бидејќи барем три недели минимум нема да имате потреба да се грижите за нив, а сите околу вас ќе ги приметат убаво средените и лакирани нокти.

Закажете навреме: Салонот за убавина „Шмизличка“ е сместен во Комплексот Порта Влае (Општина Карпош – Скопје)
Закажете термин: 078 210 527