Да ве потсетиме дека срцевите заболувања, дијабетесот, канцерот, Алцхајмеровата болест може да бидат минато доколку ресвератролот е наш избор за добро здравје

Ресвератролот е член на групата растенија наречени полифеноли. Овие состојки имаат антиоксидантни својства, заштитувајќи го телото од оштетувања од типот на зголемени ризици за состојби како канцер и срцеви заболувања. Ресвератролот се наоѓа во лушпата на црвеното грозје, но и други извори како кикирики и бобинки.

Бидејќи ресвератролот има толку многу здравствени придобивки, не е за изненадување што многу производители се обиделе да го материјализираат со додатоци од ресвератрол. Најголем дел од капсулите со ресвератрол продадени во САД содржат екстракти од јапонски и кинески корени „Polygonum cuspidatum“. Други додатоци од ресвератрол се направени од црвено вино или екстракти од црвено грозје.

Рекламите за додатоците од ресвератрол кои ги има на интернет им ветуваат на купувачите се, почнувајќи од губење на тежина до поздрав, подолг живот. Се поставува прашањето, дали додатоците од ресвератрол навистина ги исполнуваат сите овие ветувања, или се само еден маркетиншки трик?

Придобивки од ресвератрол

Ресвератролот привлече многу внимание поради неговите својства против стареење и заболувања. Првите истражувања, кои повеќето биле направени во епрувети и на животни, велат дека ресвератролот му помага на телото да се одбрани од болести како :

Срцеви заболувања

Ресвератролот помага во намалување на воспаленијата, заштитува од оксидација „ЛДЛ“-лошиот холестерол и им отежнува на рецепторите за се залепат заедно и да формираат згрутчување кое може да предизвика срцев напад.

Канцер

Ресвератролот го ограничува ширењето на канцерогените клетки и го активира процесот на изумирање на канцерогените клетки (апоптоза)

Алцхајмерова болест

Ресвератролот може да ги заштити нервните клетки од оштетување и создавање на наслаги кои водат до Алцхајмерова болест.

Дијабетес

Ресвератролот помага да се спречи отпорност кон инсулин, состојба во која телото станува помалку чувствително кон ефектите на хормоните за намалување на нивото на шеќер, инсулинот. Отпорноста од инсулин предзнак за дијабетес.

Истражувања извршени на глодари укажуваат дека ресвератролот дури може и да помогне против некои ефекти на нездрав животен стил и да доведе до зголемен животен век. Глувците кои биле на ресвератрол хранети со високо калорична храна живееле подолго од хранетиот глушец со обична храна на кои не им бил даван ресвератрол. Ресвератролот ги заштитил оние глувци кои биле хранети со високи калории од проблемите со дебелина, поради намалените калории.

Ресвератролот, исто така, е поврзан со заштита од проблеми поврзани со стареењето, како срцеви болести и отпорност кон инсулин. Истражувачите веруваат дека ресвератролот го активира генот „SIRT1“, а биолошкиот систем кој треба да го заштити телото од безопасните ефекти на дебелината и болестите со стареењето.