Со половина килограм цреши, малку нане и мраз се подготвуваат четири чаши од освежителниот летен нискокалоричен пијалак.
За подготовка се потребни помалку од десетина минути, а главната состојка во овој пијалак се црешите.
За цел бокал, односно четири чаши од 220 милилитри домашен сок, потребно е половина килограм цреши, неколку ливчиња нане и 20-на коцки мраз.
Подготовка – Измијте ги црешите и отстранете ги семките од нив. Третина од црешите оставете ги на страна, а останатиот дел исцедете го во соковник заедно со додадените листови нане. Потоа, чашите до половина наполнете ги прво со мраз, додадете ја третината цреши кои претходно сте ги исечкале, па претурете го свежо исцедениот сок.
Декорирајте со ливчиња нане.