После резултатите од најновото истражување кои се пред вас, можеби ќе си речете дека навистина е време за промена.
Чевлите се на врвот на листите на најомилени работи на секоја жена која во просек има најмалку седум чифта чевли.Најновите истражувања покажаа дека жените најмногу носат балетанки, чевли со платформа и високи потпетици. За жал, според истото истражување, токму овие три типа на чевли се и најнепријатни за стапалата, додека апостолките го „држат“ првото место надвор од оваа силна конуренција.
Чевли со платформи : Голем ризик за зглобовите
Кога жените ги следат трендовите носат се, а особено атрактивни чевли со платформа. Меѓутоа овие чевли можат многу да и наштетат на рамнотежата, а зглобовите ги изложуваат на висок ризик. Доколку ги обожавате, обидете да ги носите само во специјални прилики и никогаш додека возите автомобил бидејќи не даваат вистинско чувство колку ќе ја нагазите педалата за гас.
Високи потпетици : Долгорочна штета за телото
Потпетиците ги оптоваруваат листовите и глуждовите, но штетат и на екстензорните тетиви на нозете, како и петната коска и коската зад прстите. Оптимално поткачената пета е добредојдена, но крајностите дефинитивно се многу лоши.
Балетанки : Нешто подобри од најлошите
Балетанките се само малку подобар избор од најлошите можни обувки – апостолките! Без разлика колку жените сакаат да ги носат, погубни се за стапалата, особено за петите.