Фризурата позната како „коњско опавче“ никогаш не излегува од мода. Обично предност кај оваа фризура ја има долгата коса, a по некое непишано правило само дамите со долга и права коса може да уживаат во убавината и едноставноста на оваа фризура.
Променете го тоа правило и „украдете“ го слаткото „коњско опавче“ на Одри Херпберн. Фризура во која може да уживаат и дамите со средна должина на коса која исто така не е совршено права. Баталете ја пеглата за коса и оставете вашите природни кадрици да ја разубават вашата нова фризура која може да ја украсите со свилена бела лента на врвот.