Колку често се туширате, а колку ви е навистина потребно?

Повеќето луѓе секојдневно се тушираат. Тоа им е секојдневна обврска или задоволство што секако не сакаат да го пропуштат. Нивните навики се спротивставени со тврдењата на научниците кои велат дека честото миење има штетни последици.

Доктор Џошуа Цајхнер, професор по дерматологија во њујоршката болница „Маунт Синај“, го окарактеризирал честото туширање како културен феномен.

„Забележливо е дека луѓето во нашата земја умеат да претераат со хигиената, и тоа треба да се истакне. Ваквото однесување е прифатено како општествена норма“ вели Ранела Хирш, дерматолог од Бостон.

„Неумереното туширање“ е одраз и на влијанието на маркетинг кампањите, а не само модерните, туку исто така, и реклами кои се пласирани по Граѓанската војна. Како што во тоа време се ширеле рекламите за сапун, и хигиената на луѓето се зголемувала на повисоко ниво.

Американските дерматолози истакнале дека честото туширање ја суши кожата и предизвикува нејзина иритација, ги отстранува добрите бактерии кои постојат на површината на кожата, предизвикувајќи пукнатини на неа и го зголемува ризикот од инфекции. Ова особено важи за туширање со топла вода.

Цајхнер и Хирш нагласиле дека родителите не треба секојдневно да ги капат децата. Доколку возрасните би ги послушале нивните совети, би ја направиле детската кожа помалку чувствителна на алергии и разни кожни заболувања како што е егземата.

Според советите на американските експерти, не е секој ден за туширање, за време на тие денови кога не се туширате исто така, треба да се одржува хигиена, со миење на најкритичните места на телото, и тоа со влажна крпа.

Тие истакнале дека темпото на туширање зависи од активностите на секој од нас, но дека е најдобрата препорака за туширање еднаш на секои два до три дена.

Колку често се туширате?

Секој ден 56,9%

Секој втор ден 29,6%

Поретко 13,4%