Окситоцинот е познат како хормон на љубовта. Ги контролира мускулите на матката за време на породување и помага во исфрлање на млекото за време на доењето. Освен што придонесува за чувство на опуштеност и љубов, овој хормон, има уште некои други својства.
Истражувањата покажаа дека окситоцинот е смирувачки и го подобрува расположението. Го намалува крвниот притисок и ги блокира стресните хормони. Може да помогне во метаболизмот и варењето. Присутен е и кај мажите и кај жените
8 ФАСЦИНАТНИ ФАКТИ ЗА ОКСИЦОТИНОТ
Многу окситоцин се ослободува кога бебето излегува од мајката. И нивото на овој хормон кај бебето е покачен при раѓањето.
Пролактин, хормон кој произведува млеко е зависен од овој хормон за да можат жените да произведат млеко.
Окситоцинот му помага на мозокот во развој на новороденото дете.
Се произведува кога ја делите храната со пријателите, кога го гушкате некој што го сакате, дури и кога го милувате миленичето!
Окситоцинот го регулира нивото на болка, па тој природно го олеснува породувањето.
Контактот кожа на кожа доведува до зголемување на овој хормон. Без разлика дали тоа е допир на мајката и бебето по раѓањето или на маж и жена додека се држат за раце.
Овој хормон се ослободува во текот на оргазмот. Оргазмот има многу физички и психолошки придобивки.
Му помага на вашето тело во варење и собирање на хранливи материи.