Која е вистинската употреба на (анти)депресивите?

Дали се злоупотребуваат антидепресивите?
Од една страна, популарните антидепресиви можат ефикасно да ја ублажат депресијата кај многу луѓе со депресивни симптоми. Но, вистината е дека антидепресивите не функционираат исто кај сите и нема гаранција дека нивните ефекти ќе траат. Впрочем, ниту еден единствен метод на лекување – антидепресиви, психотерапија или на друг начин – истовремено може да ги адресира сите комплексни, потенцијални причини за депресија, како што се генетиката, трауматски настани, недоволна количина на храна во организмот, хормонален дисбаланс, па дури и временските промени. За среќа, истражувачите работат на откривање на повеќе опции за третман на депресија кои можат да ги надополнат и / или заменат антидепресивите за пациентите за кои типичните лекови се неефикасни. Една неодамнешна студија, на пример, ја потврди ефективноста на анти-инфламаторните лекови во лекувањето на депресијата.

Студијата: антивоспалителните лекови ја намалуваат депресијата
Студија од 2017 година спроведена од страна на Одделот за психијатрија во Кембриџ откри дека антивоспалителниот лек може да ги ублажи симптомите на депресија. Се употребуваат лекови бидејќи многу пациенти доживуваат воспаление. Навистина, пациентите со депресија може да имаат повисоки количини на цитокини – еден вид протеини што предизвикуваат воспаленија – во нивната крв. Според тоа, истражувачите од Кембриџ утврдиле дали луѓето со воспалителни автоимуни болести, како што е ревматоидниот артритис, се чувствувале помалку депресивно кога земале антиинфламаторни, анти-цитокински лекови за нивните автоимуни болести. По прегледот на ефектите на анти-цитокинските лекови врз 5063 пациенти во повеќе од 20 студии, истражувачкиот тим заклучил дека употребата на антиинфламаторни лекови е поврзана со намалување на депресивните симптоми. „Значи, антиинфламаторните третмани може да бидат релевантни за голем број луѓе кои страдаат од депресија. Можно е во иднина да користиме антиинфламаторни лекови во психијатрија за одредени пациенти со депресија“, – велат докторите од истражувачкиот тим.

СВРТИ ГО ТРКАЛОТО НА СРЕЌА И ОСВОЈ ПОПУСТ ДО 40% ПОПУСТ ВО АЛФАЛАБ, СЕ ШТО ТРЕБА ДА НАПРАВИТЕ Е ДА ПОЧЕКАТЕ 30 СЕКУНДИ ЗА ДА ВИ СЕ ПОЈАВИ ТРКАЛОТО ЗА ПОПУСТ.

ЗА ДА ЗАПОЧНЕТЕ КЛИКНЕТЕ ОВДЕ

Проблемот со антидепресивите
Во моментов, огромното мнозинство на антидепресиви ја третираат депресијата со менување на количината на невротрансмитери – како серотонин, норепинефрин и допамин – во мозокот. На овој начин, антидепресивните третмани се повикуваат на „серотонинската теорија“ – систем на теории кои потекнуваат од 1950-тите, кои предлагаат дека ниските нивоа на серотонин се виновни за депресија. Сепак, теоријата на серотонинот го изгубила научниот кредибилитет во текот на годините, бидејќи истражувачите откриле малку докази за да го поддржат. Имено, има малку докази дека ниските нивоа на серотонин може да предизвикаат депресивни симптоми. Всушност, истражувачите кои го намалија серотонинот кај здрави учесници (без историја на депресија) покажа дека овие лица не развиле депресивни симптоми како резултат на примените дози.

Значи дали антидепресивите функционираат?
Да – но само за некои луѓе, како оние чија депресија е поврзана со забележителна хемиска нерамнотежа во мозокот. Една студија од 2008 година покажа дека само 38 од 74 студии спроведени на 12 различни антидепресиви покажале дека овие лекови се значително ефикасни. Во друг преглед од 2008 година, антидепресивите се покажаа како поефективни од плацебо – 20 од 46 испитувања. Според Националниот институт за ментално здравје, антидепресивите остануваат втор најчесто препишан лек во САД, со над 254 милиони рецепти за нив – и 10 милијарди долари потрошени за нив – секоја година. Добрата вест за студијата во Кембриџ е дека неговите наоди можат да помогнат да се намалат несоодветните употреби на традиционалните антидепресиви со воведување на повеќе различни, алтернативни начини на лекување кај пациенти со депресија. Навистина, пациентите со депресија можат да имаат поефективни опции за третман на депресија – и повеќе нема да страдаат од многу негативни несакани ефекти од традиционалните антидепресиви, како што се лошо варење, главоболки, анксиозност, конфузија , несоница и суицидни мисли.