Овен – Аткинсонова диета
Овните се личности кои сакаат да комбинираат телесни вежби со диета и кога еднаш ќе се одлучат немаат проблеми со придржување кон планот.
Бик – Периконеова диета
За биковите е најважно да се намали внесувањето на шеќери, слатки, чоколада и сл. Со вашиот знак владее слатката Венера, “најслатката” планета од сите, па немојте да се чудите ако сте зависни од слатко. За вас добра диета е онаа која го ограничува внесувањето на шеќери и јагненохидрати.
Близнаци – Здрава диета
Нема подруштвен знак од вас, па и ако се одлучите на диета веројатно нема да сакате да ја држите сами. Големи се шансите да ги вклучите пријателите и семејството, па умереноста е најдобар избор. Можеби не е брза, но на тој начин ќе го подобрите целиот животен стил.
Рак – Зелена диета
Вие раковите се грижите за сите други, освен за вас. Затоа ви е потребно решение кое со малку труд ќе има големи резултати. Користете намирници за кои треба мала подготовка и на тој начин ќе заштедите време, но и ќе го поправите вашето здравје и изгледот. Зелена диета е препорачлива за вас порди намирниците кои немаат потреба од комплицирана подготовка, а доколку не сте вегетаријанец можете да додадете и помалку калорично печено месо.
Лав – Брза диета
Вие сте огнен знак, па не сте трпелива личност. Поради тоа за вас е препорачлива диета која гарантира резултат за помалку од недела дена. Слободно држете некоја брза диета, но после тоа продолжете со внимавање при исхраната за да не се повратат килограмите.
Девица – South beach диета
Според диетните стручњаци клуч на секоја диета е редовна исхрана и умереност. Јадете мали порции, никогаш не ги прескокнувајте оброците, внимателно избирајте храна и внимателно приготвувајте ја.
Вага – Зона диета
Веројатно ова никогаш не сте го слушнале за себе , но дефинитивно не сте умерен знак, посебно кога е храната во прашање. Заради тоа вас ви е потребна диета која точно ќе дефинира што и колку смеете да јадете. Зона диетата се темели на рамнотежа. Ваша задача е да внесувате 40% јагленохидрати, 30% протеини и 30% масти.
Скорпија – Сонома диета
Вие сте обожатели на физичките активности, но исто така и на храната. Го мразите чувството кога нешто ви е скратено, па за вас најдобра е сонома диетата.
Стрелец – Месна диета
Вие сте многу активна личност, па вас ви треба диета која ќе ви дава доволно енергија за обавување на сите активности. Месната диета е одличен избор.
Јарец – Лимонова диета
Многу личности избегнуваат диета која се темели на одредени намирници, но вас тоа нема да ви претставува проблем. Со оваа диета ќе добиете повеќе енергија и ќе се подобри процесот на детоксикација во организмот.
Водолија – Тридневна диета
Уште во насловот ќе согледате дека ова не е диета за личности кои се спремни да го променат животниот стил, туку за оние кои им треба брз резултат. Се користи тогаш кога треба повторно да го облечете убавиот фустан или доколку во некоја прилика треба добро да изгледате, а немате доволно време.
Риби – Медицинска диета
Вас ви е потребна диета која која нема да ви помогне само да изгубите на тежина, туку ќе ви помогне и да се носите со емоциите. Обично кога сте незадоволни или под стрес посегнувате по храната, па потребно е да не губите на снага додека сте на диета, за да не изгубите волја за било каква активност или да западнете во депресија.