Овој црвен и вкусен зеленчук е вистинско богатство на витамините А и Ц, калциум, но и ликопен, најмоќниот антиоксиданс кој го намалува ризикот од малигни болести. 100 грама домати содржи само 18 калории , па поради тоа е совршен за диета.
Диетата трае пет дена, а можете да ја повторите по два дена пауза. За време на периодот заборавете на благото, белиот леб, масното сирење и дајте предност на пилешкото, рибата, овошјето, зеленчукот и интегралните житарки
Од масло можете да користите само маслиново масло, а од зачини сол, бибер и билки.
Секое утре потребно е да испиете чаша млака вода на празен стомак, а треба да јадете најмалку четири оброка дневно.
Ви претставуваме мени кое ќе ви помогне во составувањето на оброк. И не заборавајте на фактот дека освен што ќе изгубите телесна тежина, ќе го ослободите вашето тело од токсини!
МЕНИ ЗА 5 ДЕНА:
1. ДЕН
Ручек: домат и сирење
Измешајте 300 гр. сецкани домати, 200 грама свежо сирење, истурете една лажица маслиново масло и зачинете со босилек. Со салатата изедете 30 грама интегрален леб.
Ужина: 100 гр. овошје по избор
Вечера: тестенини со сос од домати
Исечете два моркова и малку издинстајте ги со малку маслиново масло, додадете 50 мл. пилешка супа и варете уште пет минути. Додадете 450 гр. сецкани домати, посолете, и зачинете со една лажица мед. Оставете сето тоа да крчка уште 15 минути. Сварете 100 грама интегрални тестенини и прелијте ги со сосот.
2. ДЕН
Ручек: Грчка салата
Исечете црвен кромид, два домати и една голема краставица. Прелијте ги со маслиново масло и зачинете по вкус. Со салатата можете да изедете 30 гр. интегрален леб.
Ужина: Шолја кафе и две бисквити
Вечера: Супа од ослич
Динстајте две чаши ситно сецкан кромид во маслиново масло, додадете два големи домати претходно излупени и исечени на парчиња, една коцка за супа и пола литар вода. Кога супата ќе зоврие, додадете исчистени парчиња ослич и варете уште 20 минути. Зачинете по вкус.
3. ДЕН
Ручек: Омлет
Исечете 100 грама печурки и 300 грама домати, па пржете ги во маслиново масло. Кога водата ќе испари додадете две јајца и пржете ги заедно.
Ужинка: Два моркови
Вечера: Телешко со домати
Испечете парче телешко (125 до 150 грама) и зачинете по желба. Во друг сад издинстајте ситно исечен црвен кромид и два домати, додадете месо и оставете ги на огин уште 15 минути.
4. ДЕН
Ручек: Ладно уживање
Во 300 грама исечени домати, една пиперка и краставица, додајте лажица маслиново масло и ставете го тоа во миксер заедно со две чешниња лук. Извадете ја смесата и декорирајте со две парчиња леб ставени на тост. По желба ставете зачини. .
Ужинка: Сендвич со домати
Вечера: Домати со ориз
Издлабете три домати и ставете ги во огноотпорен сад. Измешајте 100 гр. свежо сирење или урда и 125 гр. полу-варен ориз, малку босилек, сецкани домати и лук. Со смесата наполнете ги доматите. Печете 25 минути на 200 степени.
5. ДЕН
Ручек: Италијанска салата
Направете тост лепчиња, исечете ги на коцки. Потоа во еден сад ставете 400 гр. домати, малку зелена салата, прелијте со две лажици маслиново масло и оцет и посолете. Преку салатата посипете ги коцките од лепчињата на тост.
Ужинка: Јаболко со мед и нане
Вечера: Паприкаш
Испржете главица ситно исечкан црвен лук, додајте 200 гр. компир исечен на коцки, четири моркови исечени на кругови, малку праз и 100 грама печурки. Зачинете, додадете 100 мл. супа од зеленчук и една чаша сок од домати. Гответе уште 15 минути.