Општо познато е дека за да се ослободите од многуте болести доволно е да ги исчистите цревата од слуз, фекални наслаги и други паразити. За 70 години живот низ нашите црева поминуваат 100 тони храна и 40 илјади литри течност, со што би можеле да заклучиме дека во стомакот се таложат 15 килограми фекални наслаги и токсични отпади. Тие ја трујат нашата крв и нанесуваат штета на организмот.
Фактот дека цревата се валкани, сведочи затворот, нарушениот метаболизам, дијабетесот, прекумерната или недоволната тежина, болестите на бубрезите, црниот дроб, болести на видот и слухот, лошата состојба на кожата, косата и ноктите, како и други болести, од артритис до рак.
Со помош на клизмата може да се прочисти само мал дел од дебелото црево, 40-50 цм, додека пак третманот плакнење на цревата со помош на апарат е скап, одзема многу време и е опасен за цревната микрофлора.
Консумирањето на 1-3 лажички брашно од ленено семе во рок од 3 недели потполно ќе ги исчисти дебелото и тенкото црево од долгогодишната слуз, фекални наслаги, паразити, на потполно безбеден начин за цревната микрофлора.
Овој метод овозможува брзо нормализирање на тежината и согорување на масните наслаги. Позитивно влијае на регулацијата на липидниот метаболизам. Брашното од лененото семе е во состојба да ги апсорбира и елиминира токсините во организмот, го намалува нивото на холестерол во крвта.
Индикации за употреба:
-Воспаление на респираторниот тракт, гастроинтестиналниот тракт
-Гастритис, колитис, чир на желудник, дуоденумот
-Болести на уринарниот тракт, циститис, пиелонефритис
-Прекумерна телесна тежина, промени во липидниот метаболизам.
Рецепта за чистење на цревата со брашно од ленено семе:
3 недели наместо појадок консумирајте ја оваа смеса
1 недела- 1 лажичка брашно од ленено семе помешано со 100мл кефир.
2 недела- 2 лажички брашно од ленено семе помешано со 100мл кефир.
3 недела- 3 лажички брашно од ленено семе помешано со 150мл кефир.
Доколку не можете да најдете брашно од ленено семе, купете ленено семе и истото измелете го. Немојте да правите залихи за повеќе денови бидејќи семето може да се расипе. Најдобро е секое утро да подготвите нова порција.
Оваа смеса консумирајте ја секое утре наместо појадок, притоа многу е важен внесот на вода, дневно пијте најмалку 2 литри вода. Одлични резултати се постигнуваат со консумација на вода помешана со мед.
Чистењето на цревата на овој начин се спроведува еднаш годишно.
Бидете здрави!